Девојче ја молела мајка ѝ да ја пушти да умре

Едно 14 годишно девојче едвај останало живо откако имала средба со едно од најсмртоносните животни на светот, медузата Ируканџа.

Хана Мичел пливала со пријателите во близина на островот Гудвин, недалеку од брегот на западна Австралија, кога ја изгорела медуза која е невозможно да се види во водата, затоа што е мала и проѕирна.

Таа веднаш била пренесена во болница, а лекарите морале вештачки да ја стават во кома, во која минала два дена. Две недели подоцна, таа конечно била излечена. Во разговор за локалната телевизија „Nine news“, Хана изјавила дека тоа што го чувствувала било повеќе од болка.

 

„Мислев дека ќе умрам. Можев да ги почувствувам своите бели дробови и срце. Чувствував како се во мене да се руши“, вели таа.

Нејзината мајка Кејси кога конечно стигнала до Хана, вели дека нејзината ќерка се тресела и дека искашлувала крв. Хеликоптерот веднаш ја пренел во болница. Кога Хана се разбудла од кома, болката продолжила, а морала уште некој период да зема аналгетици. Нејзината мајка изјавила дека била очајна, кога ја слушала како нејзината ќерка, која била во големи болки, ја молела да и дозволи да умре.

 

„Слушнав како вели – „Само пушти ме да умрам, мамо ова е премногу – Тоа ми го скрши срцето.

Хана сега се плаши да се врати во водата, но се надева дека тој страв ќе мине што побрзо.

Медузата Ируканџа главно се наоѓа во тропските води, а луѓето често страдаат од нејзиниот убод во периодот од ноември до мај. Отровот на медузата Ируканџа е многу силен и предизвикува страшна болка. Луѓето ги доведува до шок или срцев дар, па многу жртви умираат за само неколку минути.

 

Жртвите од нејзиниот убод заболуваат од таканаречениот Ируканџи синдром. Името го добила по едно абориџинско племе.

Нема ефикасен противотров за оваа медуза, чиј отров го напаѓа срцето, нервниот систем, кожата и предизвикува неподнослива болка во мускулите, повраќање и висок крвен притисок.

 

Scroll to Top