Девојче починало откако телефон ѝ експлодирал во раката

Индијката Ума Орам разговарала на мобилен телефон, кога ѝ експлодирал во раката. Девојчето се здобило со повреди на рацете, градите и нозете. Веднаш била пренесена во болница, но лекарите само констатирале смрт.

Според индиските медиуми, таа го ставила телефонот на полнач и продолжила да зборува. Уредот, пишуваат тие, во еден момент експлодирал. Информацијата ја потврдил и нејзиниот брат.

„Телефонот се полнеше додека разговараше. Пред да сфатиме што се случува, таа беше во несвест. Во болница ја прогласија за мртва“, рекол тој.

Според локалните медиуми, Ума разговарала на „нокиа 5233“ од 2010 година. Од компанијата изразиле жалење за несреќата и најавиле дека ќе го истражат случајот.

Scroll to Top