Девојка со Даунов синдром ги освојува модните писти

Дваесет и едно годишната Мадлена Стјуарт од Австралија е со Даунов синдром, но тоа воопшто не претставува пречка за неа да го освојува светот на модата.

Девојката за кратко време стана една од најпознатите манекенки на светот. Таа е ангажирана како прв модел со специјална потреба, за кампањата на еден голем бренд.

За време на њујоршката недела на модата, Мадлена шетала на пистата осум пати. Таа ја претставуваше и третата колекција од нејзината сопствена модна линија „21 причина зошто“.

„Почнав да се занимавам со моделство од 2014 година. Заминав на една ревија и веднаш се заљубив во работата. Разговаравме со мајка ми, на која и ја пренесов желбата да станам модел. Ми рече дека ќе ме однесе на фотографирање. Кога ги објавивме фотографиите на мојот Фејсбук профил, за само неколку дена добив преку 7,2 прегледи“, вели Мадлена за медиумите.

Нејзината мајка Розана отсекогаш ја поддржувала во работата.

„Таа не мора да се подготвува. Секогаш е подготвена. Таа просто ја сака пистата. Ако од неа побарате да биде сериозна, таа е сериозна. Иако обично од неа се бара да ја крене публиката на нозе“, вели Розана.

Во суровата индустрија која се се фокусира на растот, Мадлена се фокусира на прогрес.

„Најголемата пречка е да натераш некоја компанија да разбере дека во различноста е иднината и дека не треба да се плашат да ме ангажираат мене и други модели во своите кампањи. Работам напорно како и секоја друга“, вели Мадлена.

И покрај прекчите, таа не сака да прекине.

„За да ги надминете модните бариери, морате да работите напорно и да докажете дека трудот вреди за потрошеното време и енергија. Мојата главна цел е да прошетам низ најважните ревии во светот, во облека на најдобрите дизјнери и еден ден да станам новиот ангел на „Викторија сикрет“, вели Мадлена.

 

View this post on Instagram

 

Behind the scenes glam with @houseofbyfield 💋

A post shared by Madeline Stuart Official (@madelinesmodelling_) on

 

View this post on Instagram

 

Red carpet interviews ☺

A post shared by Madeline Stuart Official (@madelinesmodelling_) on

Scroll to Top