Мелани Салазар (23) од Сан Антонио и нејзиниот 88-годишен дедо, Рене Неира, во ист ден дипломираа на Универзитетот во Тексас. Мелани доби диплома за комуникациски уметности, а нејзиниот дедо доби степен на признание по економија.
„Кога бевме на бината, почувствував дека ме преплавија емоциите. Беше тишина. Не слушнав ниту аплауз, но ми кажаа дека целиот стадион избувнал“, рекла Мелани.
Дедото и внуката заедно почнале да одат на студии на колеџот Пало Алто во Сан Антонио, во 2016 година. Мелани тогаш завршила средно училиште, а нејзиниот дедо, кој тогаш имал 82 години, решил да оди на часови за да си го оствари својот сон и да добие диплома.
„Од 1950 година работел на тоа и добивањето диплома е една од неговите животни цели и соништа. Меѓутоа, тогаш се заљубил, оженил и основал семејство, поради што не можел да продолжи со школувањето“, рекла Мелани.
Тие во 2017 година заедно тргнале на факултет. Иако немале заеднички часови, учеле заедно.
„Ручавме, одевме заедно во библиотека и работевме во тишина еден покрај друг. Често го возев до факултет“, додала таа.
Пред почетокот на пандемијата, Неира доживеал мал срцев удар и морал да отсуствува од наставата. Кога часовите продолжиле онлајн, исто така не можел да присуствува поради здравјето. Како се приближувал денот на дипломирање, Мелани и нејзиното семејство го замолиле Универзитетот да го наградат Неира со еден степен на признание.
„Му кажав дека ова е наш момент. Горда сум на дедо и благодарна сум можев да го имам овој момент, ова чувство со него пред да почине“, рекла Мелани.