С.А. (35) од Скопје, вработен како обезбедување во дискотека на булевар 8 Септември, пријавил дека физички го нападнала непозната девојка пред дискотеката во која работел оти не ја пуштил да влезе внатре.
„Тој не ѝ дозволил да влезе затоа што имала забрана за влез во дискотеката бидејќи порано правела проблеми и ги вознемирувала гостите, по што таа физички го нападнала“, стои во соопштението од МВР. Оттаму велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.