Девојка ја натерала цела зграда во карантин да пее „Среќен роденден“ за нејзиниот свршеник

Хана Чанг од Лос Анџелес му направила огромно изненадување на својот свршеник Џејсон за неговиот 30 роденден. Таа ја организирала цела зграда од карантин да му пее „Среќен роденден“, пишуваат американските портали. Во договореното време сите станари излегле на прозорците за да го изненадат Џејсон. Хана му рекла да го отвори прозорецот и тогаш Џејсон слушнал како од 76 станови сите пеат за неговиот роденден.

Инаку, парот е во врска 5 години и оваа година планирале свадба, но ќе ја одложат поради коронавирусот.

Scroll to Top