Девојка во Индонезија ја камшикуваа јавно 100 пати оти имала секс пред брак

Жената започна да плаче додека го молеше маскираниот шеријатски службеник да престане да ја камшикува, за време на јавната церемонија одржана вчера во конзервативната провинција Ацех, во Индонезија. 22-годишната девојка  која беше казнета бидејќи имала секс пред бракот беше една од трите лица кои беа осудени на казна со 100 камшикувања.

Публика од десетици луѓе сведочеше како двајцата мажи и жената беа ригорозно камшкувани на стадионот во Локсеумаве, на околу 200 километри оддалеченост од главниот провинциски град Банда Ацех.

И нејзинот дечко исто така доби 100 камшиа оти беа фатени како имаат секс пред брак. Девојката  при издржувањето на казната, неколку пати се скрши и заплака, како резултат на неподносливата болка, притоа молејќи го шеријатскиот службеник да престане со камшикувањето, сè додека не ја прегледа лекар.

Третиот казнет беше едно 19-годишно момче, кое исто така беше камшикувано 100 пати, бидејќи било фатено како има секс со малолетничка. На крајот од извршувањето на казната, неговата бела кошула беше потопена во крв.

Тинејџерот исто така ќе отслужи 5 години затвор, додека парот ќе биде ослободен.

Камшикувањето во Индонезија се користи како форма на казнување за бројни прекшоци, меѓу кои и коцкањето, консумирањето алкохол, практикувањето истполов, како и предбрачен секс.

 

Scroll to Top