Девојката која ослепе откако ги тетовираше очите стана депресивна поради слепилото

Американката Сара Сабат (26) од Ел пасо во Тексас, која ослепела откако си ги тетовирала очните капаци, вели дека и заради слепилото станала депресивна, но и поркај тоа, таа не жали за она што го сторила.

Сабат која е целата покриена со тетоважи, вели дека типот кој што ја тетовирал, не ѝ ставил доволно солен раствор, па заоа не можела да види ништо.

Како што пренесува news.com.au, Сабат за Tryly изјавила дека уметникот за тетоважи погрешно го пресметал односот на мастило и вода.

На крајот побарала помош кај офталмолог и добила капки кои требало да ѝ го подобрат видот, но, на крајот вели дека не може да гледа како пред тетовирањето. Но и покрај тоа, Сабат вели дека не жали за стореното. Таа вели дека поради тетоважите се чувствува како подобра личност.

„Работите на почетокот беа тешки за мене. Не можев да гледам телевизија, ниту да бидам во близина на силно светло. Не сакав ниту да излегувам надвор. Станав депресивна поради тоа“, изјавила Сабат.

Таа открила дека во школо ја малтретирале поради нејзинте влакна и дека сакала поради тоа да ја покрие кожата со тетоважите. Таа вели дека тетоважите ја направиле посилна и подобра личност.

„Мислам дека потрошив 3000 до 4000 долари на тетоважи. Тие ми помагаат да се изразам, ми помагаат да се чувствувам подобро“, изјавила Сабат.

„Не жалам ниту за една тетоважа, затоа што сега се чувстувам многу повеќе како јас, отколку порано“, изјавила Сабат и додала дека поради тетоважите, луѓето мислат дека таа не е образувана или дека е криминалнка.

„Мене не ми смета тоа. Сите сме поинакви и јас нема да ги осудувам другите поради нивните мислења. Тие намаат храброст да го изразат тоа на начин на кој јас го правам“, изјавила Сабат.

Таа вели дека не планира да прекине со тетовирањето. Вели дека тие и претставуваат еден вид на штит, дека тоа е нејзиниот начин на живот и дека се дел од неа. Вели дека никогаш нема да престане да се тетовира.

И покрај различните реакции кои ги предизвика, таа собра повеќе од 27.000 фанови на „Инстаграм“, кои и пишуваат дека поради нејзините тетоважи и пирсинг на лицето, се чувствува како вонземјанска принцеза.

Scroll to Top