Девојката што се самоуби на Тик Ток ја заследија уште еден милион луѓе

Индиската ѕвезда на Тик Ток, Сија Какар (16), на 24 јуни оваа година изврши самоубиство, а после нејзината смрт бројот на следбеници на дупло повеќе порасна.

Сија имала милион следбеници на друштвената платформа “Тик Ток” во моментот на нејзината смрт, а три дена подоцна, бројот на следбеници рипнал, па сега има 2,1 милион следбеници.

Овој феномен не се случува прв пат, веќе е познато дека многу уметници стануваат популарни ширум низ светот откако веќе нема да бидат меѓу живите, а изгледа дека тоа е случај и со Сија.

Телото на 16-годишната девојка е пронајдено во нејзината соба во Делхија, а според неофицијални информации, Сија се обесила.

Scroll to Top