Џин тоник е тајната за долговечноста

Мабел Џексон, 100-годишна старица која живее во Суфолк, Англија, вели дека нејзината тајна за долговоченост е џин тоникот. Таа вели дека почнала редовно да го пие овој пијалак на 18 години. Според нејзините проценки, до денес таа испила 4264 шишиња од овој пијалак.

Џексон вели дека пие 5 чаши во текот на денот, две кога другите пијат чај и три во текот на вечерта, кога плете и се одмора.

Не постои медицински доказ кој би го поддржал нејзиното тврдење. Но лани, Грејс Џонс, 110-годишна старица од Ворчестер, Англија рекла дека тајната на нејзината долговечност се крие во вискито.

Scroll to Top