Џулијан Асанж се ожени во затвор во Лондон: Невестата сама пред затворот ја сечеше свадбената торта

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, во затвор се ожени со една од неговите поранешни адвокати, Стела Морис. На церемонијата беа и нивните две деца и семејството на Џулијан, а веднаш по венчавката, тие морале да го напуштат затворот, па невестата сама ја сечеше свадбената торта пред затворската капија.

На церемонијата, одржана во вообичаеното време за посета на затвореници, присуствувале само двајца службеници за безбедност, четворица гости и двајца сведоци, објави групата „Не го екстрадирај Асанж“.

Британската дизајнерка Вивиен Вествуд, која отсекогаш била вклучена во одбраната на Асанж, го дизајнирала килтот што го носел младоженецот и венчаницата на невестата. На велот се извезени зборовите „храбра“, „непопустлива“, „слободна љубов“.

„Денес е денот на мојата свадба. Се омажив за љубовта на мојот живот. Мојот сопруг и татко на нашите две деца, прекрасен, интелигентен и забавен човек, кој има длабоко чувство за доброто и злото и е познат низ светот по неговата храбра работа“, рекла Стела по церемонијата.

Двојката првпат се запознала во 2011 година кога Морис му се придружила на меѓународниот правен тим кој го води случајот на Асанж. Од нивната врска, која започна во 2015 година, се родија синовите Габриел и Макс, кои се зачнати кога Асанж живееше во амбасадата на Еквадор во Лондон, од 2012 до 2019 година.

Инаку, во Обединетото Кралство, затворениците можат да аплицираат за да се венчаат во затвор според Законот за бракови од 1983 година.

 

 

Scroll to Top