Дигитален уметник од Белгија направи софтвер што следи политичари што зјапаат во мобилниот

Најнвиот проект на белгискиот дигитален уметник Дриес Депортер е „The Flemish Scrollers“, софтвер кој следи и покажува кога некој од претставниците на владата на Белгија ќе престане активно да ја следи седницата и ќе започне да гледа во својот мобилен телефон, пренесува македонскиот портал ИТ.

Анализата се прави во живо на видеата кои се стримаат на Јутјуб каналот Vlaams Parlement, така што вештачка интелигенција го препознава ликот на политичарите на снимките, а софтверот ги бара и проценува дали гледаат во телефоните. Тој функционира со помош на машинско учење, така што го препознава ликот на политичарот и неговата активност. Доколку во некој момент тој почне да гледа во телефонот, софверот испраќа кратко видео на профилите на Твитер и Инстаграм и го тагнува политичарот. Но тој не може да забележи што точно прави политичарот на мобилниот телефон, па не може да истакне дали тој го користи за продуктивна цел на дискусијата.

Најчесто првата помисла е дека политичарите го злоупотребуваат мобилниот за забава и приватни преписки, но секогаш постои можноста дека тие фаќаат забелешки или пребаруваат некој изнесен податок. Сепак, како последица на користењето на софтверот, кој е активен од ланскиот јули, Депортер смета дека е намалено користењето на телефони на седниците.

Дигиталниот уметник обработува теми како приватност, вештачка интелигенција, следење и друштвени мрежи. Тој ја создал алатката за да покаже како работат технологиите како вештачка интелигенција, препознавање на ликови и камери за следење се нарушување на приватноста. Но подоцна започнал да функционира како алатка за попродуктивна работа на претставниците на владата.

Scroll to Top