Џорџ и Вирџинија Браун на прекрасен начин ја одбележа 60-годишнината од бракот. Брачниот пар од Јужна Калифорнија сними фотосесија по повод „дијамантската свадба“, а сето тоа благодарение на нивната внука Абигејл.
На фотографиите 77-годишната Вирџинија позира во невестински фустан покрај 82-годишниот Џорџ.
Парот ги сподели тајните за долг и среќен брак. „Никогаш не си легнувај лут, подготви се да простуваш секогаш и одржувај добра смисла за хумор“ – велат тие.
Кога си со некого толку долго, мора да постојат и лоши денови. Но, јас секогаш велам дека лошите денови прават добрите денови да сјаат уште повеќе“ – изјавила Вирџинија.
Џорџ и Вирџинија стапија во брак во 1959 година.