Дин Фарис е алергичен на својата сперма

24-годишниот Дин Фарис е алергичен на својата сперма. Оваа состојба е попознат како ПОИС, синдром на пост-оргазамски болести. Никој не знае што точно ја предизвикува оваа состојба, но нејзините последици се тешки.

Дин почнал да мастурбира на 13 години. Веднаш по првиот оргазам се почувствувал чудно, му се намалила енергијата и почувствувал дека неговиот мозок е побавен. Понекогаш има и алергиска реакција.

Лекарите првпат го регистрирале ПОИС 2002 година и досега се познати само 50тина случаи. ПОИС се манифестира со симптоми слични на грип, кои се јавуваат веднаш по ејакулацијата. Овие симптоми вклучуваат затнат нос, чешање во очите, болка во мускулите и грлото, главоболка, исцрпеност, треска и тешкотии при зборување.

„За само пет секунди, се чувствувам како да паѓам во дупка од врвот на светот. Ако може да замислите како паѓа зграда, тогаш може да се разбере како мојот мозок се чувствува по оргазам“, рекол Дин за својата состојба за магазинот „Менс хелт“.

Првично тој сметал дека неговата состојба е нормална. Како што растел неговата состојба се влошувала и траела до неколку дена по оргазмот. Открил дека симптомите на ПОИС може да траат од два дена до една недела и потоа спонтано исчезнуваат. Истражувачите сè уште не знаат што го предизвикува ова, но постојат неколку можни објаснувања. Една хипотеза е дека постои хемиски дисбаланс во мозокот, додека друга укажува на автоимуна болест.

Во моментов не постои познат третман на ПОИС оти болеста е ретка. Затоа оние што се алергични на својата сперма сами се справуваат со ефектите.

Scroll to Top