Директор им пишува на вработените роденденски картички

Директорот на компанијата „Белфор холдингс“, Шелдон Јелен, секоја година на своите вработени им пишува роденденски картички. Јелен станал извршен директор во компанијата во 1985 година и оттогаш пишува по 9200 картички годишно. „Белфор холдингс“ е компанија која се занимава со справување со катастрофи и обнова на имот.

„Почнав да пишувам картички откако во компанијата ме вработи мојот зет. Многумина од вработените тогаш мислеа дека добивам посебен третман. Ако ништо друго мислам дека преку роденденските картички ќе успеам да ги охрабрам да застанат покрај моето биро и да ми кажат благодарам“, вели Јелен.

Тој вели дека успеал во намерата и дека вработените полека почнале отворено да комуницираат со него. На тој начин Јелен ја стекнал почитта во компанијата. Денес тој пишува и белешки и картички за благодарност, за празници, а им пишува и на децата на неговите вработени во компанијата.

„Кога ќе слушнам дека некој направил добро дело, му пишувам картичка во знак на благодарност. Мислам дека за да се биде добар менаџер треба да се има голема поддршка од вработените. Сите истражувања покажуваат дека секој ја напушта работата, ако се почувствува дека не е доволно ценет во компанијата каде работи“, вели Јелен.

 

Scroll to Top