Директорот на фармерките од брендот „Левис“, Левис Чип Берг, во едно од своите интервјуа за Си-ен-ен, неодамна открил дека неговите омилени фармерки не ги испрал десет години.
„Доколку разговарате со вистинските љубители на фармерки, тие ќе ви кажат дека фармерките никогаш не треба да ги ставите во машина за перење“, изјавил Берг.
Берг објаснил дека неговите фармерки никогаш не ги испрал, ниту ги ставил во замрзнувач и до ден денес изгледаат како нови.
Компанијата која има историја долга 145 години се најде во центарот на внимание откако беше објавено дека на берзата со своите акции котира под ознаката Levi’s и планира преку иницијални јавни понуди да собере околу 100 милиони долари, пренесуваат светските медиуми.
Приходите од компанијата минатата година достигнаа до 5,58 милијарди долари, а нето-добивката 283 милони долари. Компанијата е под контрола на внукот на основачот на компанијата Levi Strauss, а првпат излегла на берзата во 1971 година.
Компанијата има преку 50.000 трговски објекти и продажни места, вклучувајќи и 3.000 сопствени работилници во 110 држави во светот. Првите фармерки се направени во 1873 година, за потребите на рударите и работниците во западна Америка. Поради тоа никогаш не било потребно да се перат толку често.
Од компанијата советуваат дека при машинското перење треба да се превртат наопаку и да не се ставаат со парчиња кои имаат потемна боја. Не треба да се користат силни прошоци и да се избегнува омекнувач затоа што на тој начин најдобро може да се зачува нивниот оригинален изглед.
Не треба да се сушат на грејно тело, туку да се остават да се исушат на воздух.