Дизајнерите открија зошто е виолетов станот во „Пријатели“

Освен шестмината главни актери во „Пријатели“, асоцијација за серијата и виолетовиот стан на Моника и Рејчел. Одлуката станот да не е бел била на дизајнерот на сетот Џон Шафнер.

„Додека го подготвував сетот за серијата, станот беше бел. Но, еден од продуцентите веднаш ме праша: ‘А, ќе го бојосаме?’ Мислам дека би требале да го бојосаме виолетово, му одговорив“, рекол Шафнер во едно скорешно интервју.

Многумина биле скептични додека не им покажал мал виолетов модел за тоа како ќе изгледа станот на камера.

„Бојата е многу важна за идентитетот на една серија. Кога гледачот ќе ја види виолетовата боја веднаш знае дека е од ‘Пријатели’ и не го менува каналот. Не можете да оспорите дека станот е една од првите работи што ви паѓаат на памет кога ќе се спомне серијата“, додал тој.

Инаку, пред почетокот на пандемијата требаше да почне да се снима нова, специјална епизода од „Пријатели“. Сите шест главни глумци: Џенифер Анистон, Дејвид Швимер, Лиза Кудроу, Метју Пери, Кортни Кокс и Мет ЛеБланк потврдија дека ќе се вратат на улогите што им донесоа светска слава. Продуцентите велат дека новата ‘Пријатели’ ќе се сними, но за сега не се знае кога ќе почне снимањето.

Scroll to Top