Дневен хороскоп за 1 декември

By

ОВЕН

Ве очекува голема финансиска добивка со која ќе можете да си дозволите да заминете на некоја далечна дестинација на одмор, место кое веќе подолго време сакате да го посетите. Со партнерот сакате да ја зацврстите врската и да разговарате за работи кои ве загрижуваат и ве оптеретуваат. Со здравјето сè е во ред.

БИК

 

Сакате да промените некои од работите кои досега не ви одговарале на работа. Сакате да го промените и односот кој сте го имале досега со некои од вашите колеги и претпоставени. Постојано го менувате расположението и тоа е нешто за кое вашиот партнер многу ви земерува. Внимавајте на здравјето и проблемите со бубрезите.

БЛИЗНАЦИ

Не сте сигурни дали да ја прифатите понудата за новата работа. Ви се чини дека некои работи се несигурни. Кога се во прашање емоциите, не ви е лесно да и покажете што чувствувате на личноста која ви се допаѓа. Ве оперетува помислате дека може да ве одбие. Внимавајте на здравјето и проблемите со несоницата.

РАК 

 

Денес е поволен ден кога станува збор за работата. Доаѓа фаза на промени кои сте ги имале во план да ги остварите веќе подолго време. Ве очекува интересна средба со личност која ќе ви покаже дека има добри намери кон вас. Со здравјето сè е во ред. Не би требало да имате никакви проблеми.

 

ЛАВ

Ве очекуваат големи деловни промени. Ќе имате чувство дека многу работи околу вас, брзо ќе се одвиваат. Очекувајте промени и во односите со вашите колеги и шефови. Почнувате да го оптеретувате вашиот партнер со некои работи од минатото, работи кои не ви е лесно да му ги простите. Внимавајте на здравјето. Би ви годела масажа и да се опуштите.

ДЕВИЦА

Ќе ви се укаже можност за соработка со странство или да заминете на некој деловен план. Искористете ја шансата и покажете го вашиот вистински потенцијал. Нема да зажалите. На крајот ќе следи награда за одлично завршената работа. Можете да се надевате на интересна можност за флерт и нови познанства во текот на денешниот ден. Со здравјето генерално сè е во ред. Се чувствувате одлично.

ВАГА

Денес не е претерано поволен ден за да можете да се надевате на некакви успеси. Очекувајте бројни кочници на полето на работа од страна на вашите колеги и претпоставени. Можете да очекувате интересни случувања кога е во прашање љубовта. Пред вас е поволен период на ова поле. Внимавајте на здравјето и проверете го холестеролот.

 

СКОРПИЈА

Ве очекуваат мали промени на полето на заработка. На вас останува на кој начин ќе се поставите на овој план. Дали ќе побарате покачување и подобра работна позиција, зависи од вас. Уживате во слободата и не планирате во скоро време да влезете во врска. Со здравјето сè е во ред. Полни сте со енергија.

 

СТРЕЛЕЦ

Можни се недоразбирања со соработниците. Денешниот ден ќе ви биде полн со тензии на полето на работа. Работата премногу ве оптеретува и поради тоа го запоставувате партнерот. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на бубрезите.

 

ЈАРЕЦ

Денес ќе се задржите на работа повеќе од вообичаено и од она што сте го очекувале, поради големиот број обврски. Имате чувство дека е дојдено време за промени на љубовно поле и дка вашата врска со партнерот не може да продолжи во истиот правец како и досега. Внимавајте на здравјето и проверете ја крвната слика.

ВОДОЛИЈА 

Иако на прв поглед изгледа дека сè е во ред, сепак постојат некои деловни проблеми кои на некој начин ве вознемируваат на работа. Чувствувате дека заради истите ќе ви замерат вашиот шеф и колеги. Пред вас е можност да влезете во нова врска, која може да трае на долги патеки во иднина. Внимавајте на здравјето и проверете го крвниот притисок.

РИБИ

Доколку се занимавате со приватна работа, можете да се надевате на позитивен ден. Ве чекаат можности за проширување на работата и зголемена заработка. Повремено се сомневате во вашите чувства и не сте сигурни дали партнерот сеуште ве гледа на истиот начин како порано. Внимавајте на здравјето и проблемите со стомакот.

 

 

Ќе ви се допадне