Овен
Ви претстојат бурни моменти кога е во прашање работата. Внимавајте како се однесувате со вашите соработници и претпоставени и не паѓајте на нивните провокации. Обидете се да смените дел од вашите работни навики. Ви пречи и длабоко сте повредени од односот на партнерот кон вас. Довербата е целосно нарушена. Внимавајте на здравјето, затоа што во последниот период сте под длабок стрес.
Бик
За сите родени во знакот бик, очекувајте убави моменти кога е во прашање работата. Ако сте без работа, наскоро ќе обезбедите ангажман. Ако работите, очекувајте подобрување на финансиската состојба. Кај вас постои желба да ја зацврстите врската со партнерот и да го подобрите нарушениот однос од претходно. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на бубрезите.
Близнаци
Сè поголемиот број обврски што ви се трупаат во последниот период ви создаваат страшни главоболки, но не сакате да се откажете од зацртаната цел. И покрај големиот број пречки од колегите, ќе останете истраен и нема да дозволите ништо да ви застане на патот до успехот. Љубовниот живот ве оптоварува и повеќе не сакате да бидете во врска. Длабоко во себе чувствувате желба да бидете сами. Внимавајте на здравјето. Можен е пад на имунитетот.
Рак
Ги имате решено сите обврски на работа и сега сакате да заминете на заслужен одмор. Обидете се максимално да го искористете слободното време, затоа што долго време ќе чекате до следниот одмор. На љубовно поле работите се идеални. Вашиот партнер е задоволен и среќен во врската со вас и сака да поминувате повеќе време заедно. Со здравјето сè е во ред. Полни сте со енергија.
Лав
Ве очекуваат убави моменти кога станува збор за односот со вашите соработници и шефови. Блиските контакти со важни лица во компанијата можат да ви обезбедат повисока функција со подбра плата. Имате целосна доверба во вашиот партнер и не сакате да дозволите ситните проблеми да ви го расипат бракот. Внимавајте на здравјето и начинот на исхрана.
Девица
Наскоро ќе потпишете договор за нова работа која ќе ви доноесе повеќе пари и ќе ви обезбеди посигурна иднина. Ќе сретнете личност со која ќе сакате да бидете заедно. Ќе имате прилично возбудлив ден. Внимавајте на здравјето. Можни се болки во грлото.
Вага
Максимално искористете ги шансите и можностите кои ќе ви се укажат на работа. Сега е идеален период за носење големи одлуки. Ве очекуваат убави моменти кога станува збор за полето на работа. Состојбата во бракот ви е идеална и задоволни сте од вашиот партнер. Ве прават среќни моментите поминати заедно. Внимавајте на здравјето и тежината. Сега е поволен период за слабеење.
Скорпија
Во главата имате голем број идеи кои сакате да ги реализирате, но немате ни време ни простор за тоа. И покрај тоа, не ја губите надежта и ќе останете истраен во своите намери. Ви претстојат мали недоразбирања со партнерот, но не е нешто страшно што не може да се среди. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на настинка.
Стрелец
Се обидувате да го најдете вистинскиот начин како да ги импресионирате вашите шефови и да дојдете до долго очекуваното унапредување. Чувствувате дека ви е потребно уште многу време за тоа. Длабоко во вас чувствувате неискреност во односот кај вашиот партнер и имате потреба преку разговор да ги решите сите дилеми. Внимавајте на здравјето. Максимално сте исцрпени поради преголемиот број обврски и работа.
Јарец
Со поддршката од вашите колеги, ќе успеете да стигнете до зацртаната цел. Ова е период кога на работа ќе ви се случуваат само убави моменти. И на љубовен план работите се идеални. Ако сте слободни, очекувајте нова љубовна авантура, познанства и додворувачи. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со циркулацијата.
Водолија
Чувствувате дека не сте добиле шанса за напредок. Тоа е проблем кој подолг период ви тежи и ги нарушува односите со вашите колеги на работа. Во текот на денот ќе запознаете личност чие друштво ќе ви годи, а можеби во иднина ќе сакате да влезете во сериозна врска. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со зглобовите.
Риби
Ве очекуваат голем број кавги и расправии на работа. Поради недоразбирањата со колегите нема да можете да да ги завршите работните обврски. Ќе запознаете личност која ќе има искрен пристап кон вас и со која можеби во иднина ќе сакате да влезете во брак. Внимавајте на здравјето, можни се проблеми со алергиите.