ОВЕН
Престанете да се обидувате да ги импресионирате вашите претпоставени. И со малку труд и вложена енергија ќе успеете да ги остварите вашите планови, желби и амбиции. Во наредниот период ќе ви биде тешко да ги решите проблемите со партнерот. Вашиот однос ќе влезе во во сериозна криза. Внимавајте на здравјето и стресот.
БИК
Пред вас е поволен период на работното поле. Обидете се да вложите пари и средства за некој нов деловен проект или инвестиција. На љубовно поле ве очекува тежок период. Може да дојде до прекин на врската од која не сте задоволни. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со бубрезите.
БЛИЗНАЦИ
Подгответе се за компликации и проблеми со шефовите и вашите колеги кога е во прашање работата. Ќе имате голем број проблеми во текот на денот. Немате доволно време да му се посветите на партнерот. Тоа е нешто што нема воопшто да му се допадне. Внимавајте на здравјето и падот на имунитетот.
РАК
Не сте подготвени за промени на работното место. Постојано сте под стрес. Ќе имате многу проблеми во текот на денот. Ве чека важен разговор со партнерот кој има одредени очекувања кога е во прашање вашата врска. Внимавајте на здравјето и проблемите со видот.
ЛАВ
Можно е да имате мали проблеми кога е во прашање работата. Ќе бидете постојано под стрес. Доколку сте во брак, ве очекуваат многу проблеми со партнерот. Внимавајте на здравјето и болките во стомакот.
ДЕВИЦА
Можно е на полето на работа да имате многу проблеми, кои не знаете како да ги решите. На љубовно поле ќе имате можност за необврзувачка авантура. Ќе запознаете личност од вашето опкружување, која нема премногу да ви значи. Внимавајте на здравјето и проблемите со белите дробови.
ВАГА
Пред вас е период кој може да ви донесе нови можности за бизнис. Подготвени сте за важни промени на ова поле. Можно е партнерот да не ви ги прости грешките кои сте ги направиле во минатото. Врската ќе ви се комплицира и ќе стане се полоша и полоша. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на штитната жлезда.
СКОРПИЈА
Можно е да не успеете да дојдете до унапредувањето кое го посакувате веќе подолго време. Доаѓа фаза во која ќе морате да го покажете вашето трпение. Можно е да очекувате дека вашиот партнер ќе ви го покаже потребното внимание и љубов. Ќе бидете задоволни од врската. Внимавајте на здравјето, можна е појава на изнемоштеност.
СТРЕЛЕЦ
Не сакате да се откажете од вашите цели кои си ги имате поставено на ова поле. Сакате да излезете како победник. Доколку сте слободни, можете да се надевате на добри промени на полето на љубовта и нови познанства. Внимавајте на здравјето и проблемите со притисокот.
ЈАРЕЦ
Ако сте претерано импулсивни, можно е да влезете во расправии со вашите претпоставени на работа. Обидете се да бидете смирени и работите да ги решите со мирен тон. Размислувате за брак. Во наредниот период подгответе се за важни разговори со партнерот. Подготвени сте за сериозни одлуки. Внимавајте на здравјето.
ВОДОЛИЈА
Подгответе се за носење важни одлуки кога е во прашање работата. За оние кои се во брак, очекувајте проблеми со партнерот. Недовербата е нешто што ви прави проблеми во врската. Внимавајте на здравјето и вкочанетоста на вратот.
РИБИ
Многу ви е важно да ѝ се посветите на работата, ако сакате да остварите добри резултати на ова поле денес. Ви се допаѓа личност која покажува дека исто така има некој интерес кон вас. Внимавајте на здравјето. Имате чувствителна кожа.