Дневен хороскоп за 11 март

ОВЕН 

Правите сè за да ја подобрите односите со вашите колеги на работа. Ситуацијата од час во час се подобрува и од деловен аспект и брзо ќе дојдете до посакуваниот успех. На љубовен план работите исто така се идеални. Наскоро ќе запознаете нова интересна и романтична личност. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со забите.

БИК

Немате никаква причина за загриженост кога станува збор за работата. Иако сте темпераментен и лесно влегувате во кавги, обидете се овој пат на смирен начин да ги решавате сите нејаснотии. На полето на љубовта ситуацијата е лоша. Постојано се расправате со партнерот и врската ви е на стаклени нозе. Внимавајте на здравјето и проблемите со нискиот притисок.

БЛИЗНАЦИ

Ви претстои поволен период кога станува збор за работата. Сите дилеми кои претходно ве мачеле, сега брзо ќе успеете да ги надминете. И во љубовта работите се подобруваат. Следува период во кој партнерот ќе се обиде да ја придобие вашата доверба и да биде крајно искрен со вас. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на главоболка.

РАК

Можете да се надевате на поволни резулати на полето на работа. Ќе ви се подобрат финансиите, но и нарушените односи со вашите колеги. Врската со партнерот ви е крајно нестабилна и постојано влегувате во непотребни кавги и расправии. Внимавајте на здравјето. Во наредниот период би ви годело да почнете да се занимавате со медитација.

ЛАВ

Ќе ви биде потребно време во решавање на голем дел од дилемите што ги имате на работа. Внимавајте во комуникацијата со партнерот. Лесно може да кажете нешто за кое подоцна ќе се покаете. Можен е и прекин на врската. Не сте нималку задоволни од ситуација во која се наоѓате. Внимавајте на здравјето и проблемите со стомакот.

ДЕВИЦА 

Постојано грешите во изборот во носењете одлуки на работното место. Погрешните проценки целосно ви ја нарушуваат позицијата во која се наоѓате. Наскоро ќе запознаете нова личност од блиското опкружување. Можен е почеток на љубовна врска. Внимавајте на здравјето и проблемите со дишните патишта.

ВАГА 

Ве очекува тежок период кога станува збор за работата. Дополнителна главоболка ви создаваат и финансиите. Пред вас е период во кој ќе бидете крајно разочарани. Но, не очајувајте. На љубовен план работите се идеални. Ви следи фаза на нови познанства, авантури и позитивни пресврти на полето на љубовта. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со штитната жлезда.

СКОРПИЈА

Обидете се да ги намалите очекувањата и преголемите желби во работата. Во спротивно ќе останете разочарани. Ќе дојде и до заладување на односите со партнерот. Имате впечаток дека повеќе не се привлекувате како порано. Внимавајте на здравјето и посетете лекар заради редовна контрола.

СТРЕЛЕЦ

Постојано на работа се соочувате со нови и нови проблеми. Денешниот ден ќе ви биде мошне стресен. Прекинот на врската со партнерот само дополнително ја влошува состојбата. Сè уште не сте подготвени да прифатите дека не сте повеќе заедно. Внимавајте на здравјето и проблемите со спиењето.

ЈАРЕЦ

Ќе имате можност да направите мали, но важни промени на работното место. На љубовен план ситуацијата е очајна. Постојано се расправате со партнерот и тешко доаѓате до компромис. Вашиот однос станува прилично нестабилен. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со нервниот систем.

ВОДОЛИЈА 

Подгответе се за големи проблеми кога станува збор за работата. Ве очекува период на голема неизвесност. Доколку ви се допаѓа некоја личност, која сте ја запознале преку некој пријател, можен е почеток на врска. Внимавајте на здравјето и проблемите со ‘рбетот.

РИБИ

Денес не е поволен период за почеток на нова работа. Можно е да имате некаква штета или да се најдете во непријатна ситуација. Ве очекува поволен период на љубовно поле. Односот со партнерот од час во час се подобрува. Внимавајте на здравјето и проблемите со црниот дроб.

Scroll to Top