Дневен хороскоп за 12 март

ОВЕН 

Многу лесно и умешно со помош на вашите колеги ќе ги решите сите проблеми кои ги имате на работа. Меѓу вас и партнерот постојат многу несогласувања, но до компромис секогаш може да се дојде. Внимавајте на здравјето и проблемите со крвотокот.

БИК

Прекинот и напуштањето на работното место нема да ви донесе ништо добро. Само ќе си направите штета. Ќе ви биде потребно многу време за да се вратите на нозе. Во љубовниот живот ве чекаат убави моменти. Наскоро ќе запознаете нова личност со која ќе сакате да влезете во врска. Внимавајте на здравјето и проблемите со кожата.

БЛИЗНАЦИ

Лесно ќе ги решите проблемите кои ги имате на работа со колегите и шефот. Денешниот ден ви е мошне поволен на овој план. Доколку ви се допаѓа некоја личност која сте ја запознале скоро, очекувајте повторна средба со истата. Внимавајте на здравјето и падот на имунитетот.

РАК

Ве очекува доста неизвесен период во кој ќе морате да донесете важни одлуки кои ќе бидат значајни за вашата кариера. Обидете се да се сконцентрирате и да утврдите што ви е приоритет. Конечно ќе им ставите крај на проблемите што ги имате на љубовно поле. Ќе ја стабилизирате врската со вашиот партнер. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со срцето.

ЛАВ

Кога е во прашање работата, денот ќе ви биде исполнет со голем број искушенија. Покрај решавање на старите можно е да се појават и нови проблеми. За оние кои се во брак, подгответе се за бурен период со партнерот. Ве чекаат голем број кавги и расправии. Внимавајте на здравјето и проблемите со варењето на храната.

ДЕВИЦА 

Нема да имате премногу шанси за нови проекти. Плановите кои сте ги имале зацртано од претходно, заборавете ги. На љубовен план работите се подобруваат. Со вашиот партнер ќе решите голем дел од проблемите кои сте ги имале претходно. Внимавајте на здравјето и проблемите со очите.

ВАГА 

Работите не стојат најидеално кога станува збор за работата и финансиите. Ќе имате големи непланирани трошоци кои можат да ја нарушат вашата финансиска моќ. Партнерот е тука за да ви помогне. Тој е секогаш човекот од  кого можете да побарате помош. Односот ви е стабилен и ќе уживате во заедничките моменти. Внимавајте на здравјето. Препорачливо е да посетите нутриционист.

СКОРПИЈА

Уживате во работата и тоа е нешто што ве исполнува. Пред вас е период што ќе ви донесе мир и стабилност. Прилично сте раздразливи кога станува збор за љубовта. Односот со партнерот ви е крајно нарушен и морате да поработите на себе за да го подобрите. Внимавајте на здравјето. Ви треба повеќе одмор.

СТРЕЛЕЦ

Напнати сте и лесно влегувате во кавги со вашите колеги и шеф. Денес не ви е нималку поволен ден за работа. Можете да се надевате на нови промени кога станува збор за љубовта. Новото познанство кое сте го оствариле неодамна ќе ве доведе во нова врска. Внимавајте на здравјето и нервозата.

ЈАРЕЦ

Не сте задоволни од работата. Се обидувате на секаков начин да ја промените или барем да направите некакви промени во организацијата и односите со вашите колеги и шеф. Не сте подготвени за каков било компромис со парнерот. Затоа често влегувате во непотребни расправии. Внимавајте на здравјето и проблемите со нервниот систем.

ВОДОЛИЈА 

Не  впуштајте се во големи ризици и конфликти со вашите претпоставени. На крајот можете да зажалите. Денот не ви е поволен кога стнаува збор за работата. Потребни ви се промени кога е во прашање љубовта. Не сте задоволни од ситуацијата во која се наоѓате. Внимавајте на здравјето и поведете сметка за крвотокот.

РИБИ

Денес не е поволен ден за поголеми промени. Обидете се на полето на работа, да го задржите она што го имате. Во моментов не сакате нова врска и нови обврски. Ви годи слободата и сакате максимално да уживате во неа. Внимавајте на здравјето и намалете со мрсната храна.

 

Scroll to Top