Дневен хороскоп за 13 декември

ОВЕН

Подгответе се за многу проблеми, дилеми и нестабилност што се однесува до работата. На љубовно поле работите се идеални. Следува период во кој ќе остварите ново познанство со личност со која во иднина ќе остварите стабилна и сигурна врска. Внимавајте на здравјето и проверете ја крвната слика.

БИК

Следи период кој ќе ви донесе многу проблеми и несигурност во работата. Не се обидувајте да ризикувате со било какви одлуки. Обидете се да останете смирен и да не влегувате во премногу бурни расправии со колегите. Ако сакате со вашиот партнер да ги решите проблемите од минатото обидете се да бидете искрен кон него. Внимавајте на здравјето и посетете лекар поради редовна контрола.

БЛИЗНАЦИ

Сега ви се отвора можност да ги релаксирате односите со колегите. Доаѓа период во кој вие ќе бидете тој кој ќе биде во централното внимание на работа. Вие сте тие кои ќе ги мотивирате останатите да работат повеќе. Искористете ја таквата шанса и ќе го добиете посакуваното унапредување. Можно е да сте влезени во фаза на монотонија на љубовно поле. За оние со партнер, почнувате да размислувате за промени во врската. Внимавајте на здравјето и проблемите со респираторните инфекции.

РАК 

Наскоро ќе се израдувате на голем успех, кога станува збор за работата. Доаѓа период кога ќе имате голема поддршка од деловното опкружување. Искористете ја шансата и изборете се за посакуваното покачување на платата. Саканата личност отворено ќе ви покаже дека сака да биде со вас и во иднина. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на исхраната.

ЛАВ

Можете да се надевате на поволни околности кога е во прашање работата. Грижите можете да ги оставите зад себе. Подготвени сте да ризикувате за личноста која ви се допаѓа и со која од неодамна сте почнале да флертувате. Решени сте да превземете иницијатива и први да започнете со разговор. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со хормоните.

ДЕВИЦА 

Во недоумица сте и чувствувате дека не сте подготвени за некои поголеми деловни промени. Чувствувате како да постои блага дистанца меѓу вас и вашиот партнер. Сметате дека ако попуштите прв, проблемите може многу лесно да се надминат. Внимавајте на здравјето. Имате ослабен имунитет.

ВАГА 

Пред вас е период кој ќе ви донесе многу дилеми на полето на работа. Ќе имате мали расправии со соработниците, но обидете се да не паѓате на провокации. Ве очекува интересна комуникација со симпатијата. Наскоро ќе имате можност за почеток на емотивна врска. Внимавајте на здравјето и проблемите со притисокот.

СКОРПИЈА

Доколку се занимавате со приватна работа, бидете сигурни дека предизвиците кои ве очекуваат нема да бидат лесни. Ве загрижува и ситуацијата на љубовно поле. Често се прашувате дали можете да му верувате на вашиот партнер. Внимавајте на здравјето и проблемите со градниот кош.

СТРЕЛЕЦ

Потребна ви е помош за да ги решите проблемите кои ги имате и кои ве оптеретуваат веќе подолго време на работа. На љубовно поле обидете се отворено да му покажете на вашиот партнер што сакате и тој без двоумење ќе ви удовои сè со цел вашата врска да опстои и во иднина. Внимавајте на здравјето и проверете ја крвната слика.

ЈАРЕЦ

Сакате да покажете иницијатива на работното место. Подготвени сте за промени, но ви недостига малку самопочит. Саканата личност ќе ви покаже дека можете да ѝ верувате и дека може да се надевате на нејзината поддршка во секој момент. Внимавајте на здравјето и проблемите со чувствителната кожа.

ВОДОЛИЈА 

Многу е веројатно дека нема да успеете да ги реализирате вашите зацртани идеи и планови. Ќе бидете разочарани, но не очајувајте. Доаѓаат подобри времиња на ова поле. Многу е важно да бидете искрени кон вашиот партнер, ако сакате вашата врска да продолжи и во иднина. Внимавајте на здравјето и проблемите со алергиските реакции.

РИБИ

Следуваат убави моменти кога е во прашање работата. Ве очекува фаза во која ќе бидете задоволни од сработеното. Ако сте во љубовна врска, малите расправии кои ќе ги имате со вашиот партнер, само ќе ве потсетат дека никој не е идеален. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на забите.

 

Scroll to Top