Дневен хороскоп за 13 ноември

ОВЕН

Големиот број обврски во текот на денот ќе ви предизвикаат големи главоболки, но на крајот вашиот шеф ќе го цени вложениот труд и соодветно ќе ве награди. Можно е и унапредување и покачување на платата. Се чувствувате запоставено од страна на вашиот партнер. Правите сè за вашата врска успее. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на забите.

БИК

Вашите колеги и претпоставени ви создаваат сериозен притисок на работа и не знаете како да се носите со тоа. Обидете се да останете смирени и не паѓајте на провокации. Иако сте под стрес завршувајте ги работите внимателно една по една. На крајот од денот сите ќе ценат за добро завршената работа. Постојаните расправии со партнерот ви создаваат дополнителен стрес. Постојат многу работи кои ви сметаат во врската и чувствувате како да се ближи крајот. Внимавајте на здравјето и можната појава на главоболки.

БЛИЗНАЦИ

Под стрес сте и не можете да се сконцентрирате при извршувањето на работните задачи. Некои потези би можеле да ви предизвикаат сериозни проблеми со колегите и шефот. Затоа внимавајте при носењето одлуки. Ви се допаѓа личност од вашето блиско опкружување, која сте ја запознале неодамна. Подготвени сте да го направите првиот чекор за да влезете во сериозна врска. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со циркулацијата на крвта.

РАК

Во блиска иднина ќе добиете понуда која не смеете да ја одбиете. Ќе имате можност да работите со значајни луѓе, а на вас е дали ќе ја искористите шансата. Сега е идеално време и за флертување. Ќе имате можност да се запознаете со личност која ќе ви покаже дека сака да биде со вас. Со здравјето сè е во ред. Се чувствуате одлично.

ЛАВ

Доаѓа време кога ќе треба да се соочите со носењето одлука која во иднина ќе биде клучна за вашата иднина. Ќе имате можност да почнете нова работа, да отпочнете нова бизнис зделка, или да соработувате со некој нов партнер. Внимавајте во изборот. Во љубовта работите се идеални. Можете да очекувате средба со личност со која во иднина ќе влезете во стабилна врска. Новиот партнер максимално ќе ви биде посветен. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате одлично.

ДЕВИЦА

Денес не е претерано поволен ден за вас што се однесува на полето на работа. Обидете се да се воздржите од носењето брзи одлуки и поголеми промени на ова поле. Очекувајте интересна средба и комуникација со личност која во изминатиот период ви станала драга. Како одминува времето сè повеќе ќе се зближувате. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на вртоглавица.

ВАГА

Постојано правите грешки на работа и не ви е лесно да ги завршите дадените задачи. Се обидувате да ги стабилизирате односите со вашите колеги, но безуспешно. Не очајувајте на крајот од денот работите ќе се средат сами од себе. Чувствувате дека оддеднаш нарушен ви е односот и со вашиот партнер. Разочарани сте и мислите дека се ближи крајот на врската. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со срцето.

СКОРПИЈА

Имате впечаток дека односот со вашите надредени не се движи во посакуваниот правец и подготвени сте за напуштање на работното место. Чувствувате дека трудот кој го вложувате во компанијата, не е доволно ценет. Со вашиот потенцијал брзо ќе најдете нова работа. Ако сте во брак, очекувајте стабилизација на односите со вашиот партнер. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на болки во стомакот.

СТРЕЛЕЦ

Обидете се да ги избегнете конфликтите со вашите шефови и колеги на работа. Односите ви се целосно нарушени и секоја нова кавга или расправија, само негативно ќе влијае на вас и ќе ви создаде дополнителни пречки во извршувањето на вашите задачи. Очекувајте промени на љубовно поле. Наскоро би можеле да запознаете личност со која ќе сакате да бидете до крајот на вашиот живот. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со грлото.

ЈАРЕЦ

Во блиска иднина ќе имате нова можност за соработка со моќен бизнисмен. Ќе можете да ја стабилизирате вашата финансиска состојба и повеќе пари да се слеат на вашето конто. На прв поглед нема да ви се допадне понудата и ќе сакате да ја одбиете. Сепак размислете добро. Вакви шанси нема да се повторат во блиска иднина. Ве очекува поволен период и на љубовно поле. Наскоро би можеле да ја запознаете љубовта на вашиот живот. Со здравјето сè е во ред. Само зголемен ви е апетитот.

ВОДОЛИЈА

Денес не е претерано поволен период за вас кога е во прашање работата. Следува турбулентен период со вашите колеги и претпоставени. Честите расправии и кавги на крајот ќе се одразат на вашата работа. Подготвени сте да направите план со вашиот партнер за во иднина. Се чувствувате комфорно покрај него и ве чекаат уште многу убави заеднички моменти. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на чести главоболки.

РИБИ

Опкружени сте со злобни луѓе на работа. Внимавајте кога соработувате со нив. Ќе направат сè да ве спречат да успеете во работата. Кај колегите владее чувство на љубомора, затоа што сте подобри и поуспешни од нив. Ви се допаѓа личност која исто така покажува интерес за вас. Искористете ја шансата сега и може да се надевате на заедничка иднина. Внимавајте на здравјето. Можни се здравствени проблеми поради стресот.

 

 

 

 

Scroll to Top