Овен
Дајте си себеси можност за одмор од напорното деловно темпо што сте си го наметнале во претходниот период. Ја имате пронајдено љубовта на вашиот живот. Убаво ви е покрај неа. Планирате убава заедничка иднина. Внимавајте на здравјето и проблемите со срцето.
Бик
Конечно ќе можете да ставите точка на некоја работа која ви претставува само оптоварување. Отворено ги покажувате вашите емоции кон личноста која ви се допаѓа. Полека доаѓа до зацврстување на врската. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате одлично.
Близнаци
Ќе бидете задоволни од состојбата на деловно поле. Работите се движат во посакуван правец и лесно доаѓате до успех. Подготвени сте за нови случувања кога е во прашање љубовта. Ве очекува можност за интересно и романтично познанство. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со забите.
Рак
Нема причина да им давате значење на ситни проблеми. Обидете се да се смирите и рационално да ги носите одлуките. Склони сте на конфликти со партнерот затоа што сте напнати и нервозни. Ве очекува неповолен период на љубовно поле. Внимавајте на здравјето и проблемите со нискиот притисок.
Лав
Пред вас е добар период во кој ќе успеете да ги завршите деловните обврски што сте ги имале потцртано од претходно. Можете да очекувате дека саканата личност ќе ви биде целосно посветена и дека со неа ќе имате убави моменти. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на главоболка.
Девица
Ве очекува поволна фаза кога е во прашање работата. Можете да се надевате на добри околности на ова поле. Љубовната ситуација е променлива кај вас и никогаш не сте сигурни на што сте со личноста за која отворено покажувате чувства. Внимавајте на здравјето. Би ви годела медитација.
Вага
Можно е во деловното опкружување да се појават проблеми кои ќе ве оптоварат во текот на денот. Ќе ви биде потребна помош од другите колеги за да ги решите. Лесно би можело да дојде и до прекин на љубовната врска. Не сте задоволни од партнерот. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со стомакот.
Скорпија
Избегнувајте носење важни одлуки во текот на денот. Веројатно ќе погрешите во проценките. Во блиското опкружување ќе успеете да остварите познанство со личност со која ќе почне да флертува. Во иднина можна е и врска. Внимавајте на здравјето и можните проблеми со дишните патишта.
Стрелец
Денес ви е неповолна ситуацијата, што се однесува до финансиите. Обидете се да избегнувате поголеми трошоци и очекувања. Пред вас е фаза во која ќе имате доста позитивни промени во вашата емотивна врска. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со штитната жлезда.
Јарец
Избегнувајте претерано да се форсирате кога е во прашање работата. Денешниот ден не ви е поволен да правите што било. Меѓу вас и саканата личност ќе дојде до расправија. Ве очекува неповолен период на љубовно поле. Внимавајте на здравјето и веднаш посетете лекар.
Водолија
Постојат проблеми во вашето деловно опкружување кои ќе мора да ги решите и со кои ќе морате да се познимавате одговорно и сериозно. Прекин на врската е нешто што ќе ви падне тешко и ќе ви треба време за да ја преболите саканата личност. Внимавајте на здравјето и проблемите со несоницата.
Риби
Пред вас е фаза во која ќе успеете да дојдете до остварување на деловните планови и амбиции. Ќе водите борба самите со себе кога е во прашање љубовта и нема да знаете за која личност да се одлучите. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со нервниот систем.