Овен
Нарушен ви е односот со вашите колеги и шефови од кавгите и расправиите кои ви се случиле во изминатиот период. Со секој од нив ќе влезете во многу конфликти и расправии. Што се однесува на љубовно поле, сега е вистински момент да се смирите со поранешниот партнер. Кај двајцата сеуште постојат силни чувства. Внимавајте на здравјето и можните проблеми со психата.
Бик
Ве очекуваат многу тензични моменти што се однесува до односот со вашите колеги и претпоставени. Не сте сигурни во иднината на компанијата и постојано правите грешки во работата. Во љубовта работите се идеални. Наскоро ќе се запознаете со личност која ќе сака да има сериозна врска. Внимавајте на здравјето и проблемите со исхраната.
Близнаци
Многуте проблеми кои се таложеле во изминатиот период нема да ве обесхрабрат за да стигнете до посакуваната цел. Ќе ви треба многу помош од вашите соработници, но на крајот ќе успеете да ги импресионирате претпоставените. И на љубовно поле работите се одвиваат во посакуван правец. Имате запознаено линост која на необичен начин ќе сака да ви покаже дека сака да има врска со вас.
Рак
Продолжете со темпото на работа како и досега и успехот ќе ви биде загарантиран. Во наредниот период ќе поминете убави моменти со вашите соработници и претпоставени. На љубовен план не се чувствувате повеќе пријатно покрај вашиот партнер и сакате да ставите крај на врската. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на грчеви. Би ви годела масажа.
Лав
Ве загрижува лошата финансиска состојба. Ве плаши опстанокот на вашата компанија. Ситуацијата на љубовно поле не ви е идеална. Ќе ви треба многу време и труд за да ги исправите работите во врската и повторно го придобиете вашиот партнер назад. Внимавајте на здравјето и проблемите со колената.
Девица
Финансиската состојба ви е стабилна и плановите се одвиваат по зацртаниот план. Вашите претпоставени се задовони од досега сработеното и наскоро може да очекуваат и покачување на платата. На љубовно поле, оптеретени сте со чувства кои будат љубмора и кои можат да ви направат проблеми во врската. Со здравјето сè е во ред. Полни сте со енергија.
Вага
И покрај големиот број проблеми и потешкотии во нивно решавање, на работа сте арогантни и не сакате да примите совет од вашите колеги. Во љубовта работите стојат идеално. Наскоро ќе сретнете личност која ќе покаже силни чувства и желба дека сака да биде со вас. Со здравјето сè е во ред.
Шкорпија
Загрижени сте поради финансиската состојба. Ве очекуваат турбулентни времиња, но и понатаму ќе дадете сè од себе да ги импресионирате шефовите и успеете да го добиете посакуваното унапредување. Среќни сте во љубовта. Знаете дека ја имате вистинската личност со вас. Внимавајте на здравјето. Зголемете ја конзумацијата на магнезиум и калциум.
Стрелец
Ви претстојат големи број проблеми и тешкотии со кои ќе се соочите во текот на денот. Вашите колеги и шефови ќе ви прават сопки на секој чекор. Бидете упорни и ќе успеете да стигнете до зацртаната цел. И на љубовно поле работите не се најидеални. Вашиот брак влегува во криза. Ќе имате потешкотии да се соочите со вашиот партнер и искрено да му кажете што чувствувате. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на главболка.
Јарец
Што се однесува до работата среќата е на ваша страна. Сега е иделано време за носење на големи одлуки и правење на решителни чекори. Истата ситуација е и на полето на љубовта. Ако сте во врска очекувајте убави моменти со саканата личност. Оние кои се сами, наскоро ќе ја сретнат љубовта на својот живот. Со здравјето сè е во ред.
Водолија
Во моментов имате потешкотии да се сконцентрирате на работата. Во вас се јавуваат чвуства на загриженост поради некои приватни проблеми. На полето на љубовта ќе наидете на голем број пречки и проблеми во врската со вашиот партнер. Со малку труд ќе успеете да ги надминете. Внимавајте на здравјето, можни се проблеми поврзани со крвотокот.
Риби
Пред вас е период во кој ќе се соочите со голем број пречки на деловен план. Бидете подготвени да се соочите со вашите колеги и претпоставени. Ве очекуваат тензични моменти. И вашата финансиска состојба не е иделана. Главоболки ќе имате и на љубовен план. Не ви се допаѓа личноста која постојано ви се додворува. Не сте подготвени за врска и убаво ви е да бидете сами. Внимавајте на здравјето и проблемите со бубрезите.