ОВЕН
Ви одземаат енергија сите ситуации кои не одговараат на вашиот карактер, кога ќе слушнете кавги и расправии вие само сакате да побегнете и да се оддалечите од тоа. Не сакате да бидете дел од расправата, но не смеете да дозволите другите да ве омаловажуваат ако немаат причина за тоа.
БИК
Постојат доста информации кои сѐ уште не стигнале до вас, а се однесуваат на вашите работни обврски. Кога ќе ги слушнете нема да ви биде сеедно, но потрудете се да не се нервирате околу тоа. Некои соработници се покажаа подобри од вас но не смеете да бидете повредени поради тоа кога знаете дека ситуацијата е таква каква што е. Здравствената состојба е солидна.
БЛИЗНАЦИ
Ако саканата личност не ве гледа како порано, самите сте криви за тоа. Не сте веќе исти како претходно, многумина влијаеја на вас во негативна смисла и сега не верувате никому, но тоа не е причина да се оддалечите од партнерот.
РАК
Мора да ја прилагодите реалноста кон сопствените желби, бидејќи моментално не сте реални во врска со вашите барања. Мора да се спуштите на земја и малку пореално да го согледате своето место под сонцето. Ако сте во врска, ве очекува пријатна вечер со саканата личност. Конечно ќе бидете само вие двајца по долго време.
ЛАВ
Не сте подготвени за денешниот состанок и поради тоа со сите сили се обидувате да го одложите. Сепак, не зависи од вас дали ќе се одржи состанокот или не, а сите можности укажуваат дека сепаќ ќе се одржои во попладневните часови. Подготвени или не, мора да се појавите таму, многу нешта зависат од вас.
ДЕВИЦА
Напнати сте и воззнемирени поради некои случувања на работа, но вашата сакана личност е секогаш покрај вас и знае како да ве расположи. Поради малку повеќе стрес и пад на имунитетот, обрнете внимание на вашата здравствена состојба, јадете малку повеќе зеленчук и овошје од претходно.
ВАГА
Не те доволно сконцентрирани на работата и тоа ве спречува во извршувањето на своите работни задачи. Се трудите да ги сокриете своите црни мисли во врска со работното место, но сите гледаат дека сте загрижени и секогаш напнати. Обидете се да пронајдете некое хоби за да ја намалите тензијата.
ШКОРПИЈА
Не сте во ситуација да го бирате работното место и затоа не се навредувајте ако извршувате работа која не одговара на вашите квалификации. Не прифаќајте сѐ здраво за готово, преку некои работи мора да преминете ако сакате да напредувате.
СТРЕЛЕЦ
Партнерот не е задоволен со вашето однесување и воопшто со вашиот целосен пристап кон целокупната врска. Вие сте несериозни и не сакате да се врзувате на долг рок, но не смеете да играте двојна игра ако немате сериозни намери, кажете го тоа искрено за да не биде никој повреден.
ЈАРЕЦ
Никој не разбира што сакате да постигнете со вашето однесување, па ни вие самите. Мислите дека знаете сѐ, а всушност сте многу несигурни и се плашите да останете без работното место. Кажете и на саканата личност дека ви е драго што ви пружа поддршка кога ви е најпотребна, ќе го цени тоа.
ВОДОЛИЈА
Ако ве напаѓа некој, возвратете со иста мера, но направете го тоа на еден мирен, сталожен и цивилизиран начин. Користете речник кој ви доликува и не реагирајте импулсивно. Можни се болки во колената, избегнувајте долго одење и трчање, како и долго стоење, тооа само ќе ја влоши ситуацијата.
РИБИ
Личноста која некогаш ви се допаѓаше повторно влехува во вашиот живот, но овој пат нема да дозволите да манипулира со вас. Сега сте позрели и нема така лесно да паднете на шармот на таа личност иако мора да си признаете себеси дека привлечноста сѐ уште постои и не се изгубила.