Дневен хороскоп за 16 декември

ВЕН

Подгответе се за многу проблеми и предизвици на работа. Следува период кој нема да биде поволен за вас. Обидете се да останете смирен и работите ги решавате полека. Работите не се премногу сјајни ниту на полето на љубовта. Вашиот партнер ќе се реши да стави крај на врската. Внимавајте на здравјето и проблемите со грбот.

БИК

На полето на работа ве очекува можност за напредок. Ќе ви се укажат голем број прилики за подобра работна позиција. На вас останува да ги искористите. Треба да бидете искрени и да ги покажете вашите чувства кон вашиот партнер. Кажете му колку ви значи и разговарајте за вашите идни планови. Со здравјето сè е во ред.

БЛИЗНАЦИ

Работата ви е стабилна и немате никакви причини за грижа. Можете да очекувате поволен ден пред вас. Ве очекуваат големи турбуленции на полето на љубовта. Во наредниот период подгответе се за кавги со вашиот партнер. Обидете се на смирен начин ги решавате проблемите и не паѓајте на провокации. Внимавајте на здравјето и конзумирајте повеќе течности.

РАК 

Носењето нови одлуки би можело тешко да ви падне во наредниот период. Несигурни сте во себе и не сакате премногу да ризикувате во работата. Доколку сте во врска, очекувајте вашиот партнер од вас да побара да ја зацврстите врската. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

ЛАВ

Силно сте мотивирани и сакате да успеете на работа. Максимално сакате да се посветите во извршувањето на работите и очекувате вашиот шеф да го цени тоа. Трудот на крај ќе ви се исплати. Во тоа можете да бидете сигурни. Денес ве очекува и интересна средба со личност која ќе ви покаже дека има искрени чувства кон вас. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате одлично.

ДЕВИЦА 

Можете да се надевате на многу поволности во наредниот период на полето на работа. Ќе ви се укажат голем број можности за нова заработка Денес ве очекува и можност за нова емотивна врска, која ќе трае подолго време. Со здравјето сè е во ред. Полни сте со енергија.

ВАГА 

Денес би можел да биде среќен ден за вас. Ве очекуваат многу поволни прилики за напредок на работа. Можете да очекувате дека ќе успеете да остварите контакт со личност кон која ќе имате силни чувства. Внимавајте на здравјето и проблемите со бешиката.

СКОРПИЈА

Можно е да имате многу проблеми со соработниците и вашите претпоставени. Нема да ви биде лесно да го подобрите односот кој веќе некое време е нарушен. Ви се допаѓа личност која сте ја запознале преку социјалните мрежи. Проблемот е што живее во друга држава и се плашите дали ваквата врска во далечина не може да опстои. Внимавајте на здравјето. Имате чувствителни синуси.

СТРЕЛЕЦ

Почнувањето со нов бизнис би можело да ви донесе многу позитивни промени во наредниот период. Вашиот однос со саканата личност полека влегува во криза. Полека и двајцата почнувате да се оддалечувате. Чувствувате дека се ближи крајот на врската. Внимавајте на здравјето и начинот на исхрана.

ЈАРЕЦ

Денес треба да бидете внимателни на работа и обидете се да избегнувате секаков контакт и разговор со колегите и шефот. Ве очекува многу неповолен период на ова поле. Ви се допаѓа личност од вашето опкружување, но имате проблем како да почнете разговор со неа. Таа покажува дека не е заинтересирана за врска. Внимавајте на здравјето и проверете ја диоптријата.

ВОДОЛИЈА 

Важно ви е да покажете дека сте упорен и посветен на работата во текот на целиот денешен ден. На полето на емоции не ви е лесно да го добиете она што го посакувате. Следува неповолен период на љубовен план. Внимавајте на здравјето и обидете се повеќе да одморате.

РИБИ

Денес е поволен период за вас. Во решавањето на задачите ќе добиете голема помош од колегите на работа. За кратко време ќе ги завршите задачите. Очекувајте да имате среќа и ако сте во потрага по ново работно место. Се обидувате да го најдете вистинскиот начин како да и се доближите и да почнете со разговор со личност која ви се допаѓа веќе подолг период. Да ѝ ги покажете вашите искрени чувства. Но, тешко ви оди. Со здравјето сè е во ред.

 

 

Scroll to Top