Овен (21.03 – 20.04)
На работното место околностите ќе бидат многу променливи за вас, а вие нема да бидете задоволни поради тоа. Во текот на денешниот ден можно е да разрешите некое важно прашање со вашата сакана личност. Имате чувствителна бешика и мочни канали.
Бик (21.04 – 21.05)
Почекајте од вистински агол да ги анализирате околнстите во кои се наоѓате, за да можете да остварите деловен напредок. Саканата личност ќе покаже дека е подготвена максимално да ви се посвети. На здравствено поле ќе имате проблем со респираторни инфекции.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Доколку денес се впуштите во ризични активности, подоцна можете да имате поголеми проблеми на ова поле. Можно е да водите тешка борба со осаменоста и да ви фали љубов. Денес не би требало да имате никакви проблеми со здравјето.
Рак (22.06 – 22.07)
Денес е препорачливо да се занимавате со папирологија, затоа што некои работи по ова прашање сега многу полесно ќе ги завршите. Денешниот ден не ви е претерано поволен за влегување во нова врска. Одморајте кога ќе имате можност за тоа. Здравјето не ви е најсјајно.
Лав (23.07 – 22.08)
Можно е да прифатите некоја од можностите која ви се укажува за влегување во нова деловна соработка. Подготвени сте за важни промени. Ве очекува период во кој ќе се обидете да решите некои од проблемите во бракот. Посветете внимание на вашите заби.
Девица (23.08 – 22.09)
Патувањето кое сте го планирале и тоа како ќе ви се исплати. Можете да очекувате дека ќе ви се остварат позитивни работни промени. Ќе уживате во необврзувачки познанства кои сега ве забавуваат. Со здравјето немате никакви проблеми и се чувствувате одлично.
Вага (23.09 – 22.10)
Ќе ви се стабилизира полето на финансии и можете да очекувате генерално позитивна состојба на работното поле. Можно е денес да влезете во емотивна врска која би можело да потрае на подолги патеки во иднина. Чувајте го уринарниот тракт.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Денес ве очекува склопување на нов договор кој ќе биде од големо значење за вашето деловно поле. Доколку сте планирале брак можете да очекувате дека саканата личност ќе ги има истите намери и желби во иднина како и вие. Имате чувствителна кожа.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Многу ви е важно да се покажете во најдобро светло затоа што сте на самиот почеток на една важна работа. Можно е да сте желни за емотивни промени, но сеуште нема нова љубов на повидок. Можен е пад на имунитетот.
Јарец (22.12 – 20.01)
Може да очекувате многу опуштен ден без никакви оптеретувања. Деловното поле сега воопшто не ви е приоритет. Разговорот со личноста која ви се допаѓа, постепено може да ве одведе во врска. Одлична ви е состојбата на полето на здравјето.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ако се занимавате со некаков бизнис пред вас е многу поволен ден. Финансиската ситуација значително ви се подобрува. Доколку сте во брак убаво ви е кога сте со партнерот. Ги имате испеглано сите конфликти. Имате прилично чувствителен стомак.
Риби (20.02 – 20.03)
Денешниот ден ви носи доста позитивна енергија, па сте подготвени повеќе да се посветите на вашата работа. Можете да очекувате многу интересен ден. Ако сте слободни може да очекувате можност за флерт. Избегнувајте ги цигарите.