Дневен хороскоп за 16 октомври

Овен

Колегите и претпоставените ви создадаат толкави стресови и нервоза на работа, што на вас ќе ви биде тешко да се концентрирате и ги завршите работите онака како што треба. Треба да се обидете да останете силни, трпеливи и истрајни во разговарите со нив. Постојаните кавги и расправии со партнерот исто така ви создаваат големи главоболки. Морате да внимавате на здравјето. Можни се поголеми проблеми со белите дробови.

Бик

Пред вас ќе се отвораат можности за напредок. Ова е вистинскиот момент кога треба да го покажете вашиот капацитет пред шефот. Сега е идеален период за носење големи одлуки. Искористете ја шансата и веројатно ќе успеете да ги импресионирате претпоставените и колегите. Најверојатно ќе го добиете и посакуваното унапредување. И работите во љубовта се идеални. Односот со вашиот партнер е стабилен и во наредниот период ве очекуваат многу убави, заеднички моменти. Внимавајте на здравјето и проблемите со бубрезите.

Близнаци

Конечно ќе ви се укаже шанса да се покажете во вистинско светло пред вашиот шеф. По подолго време ќе успеете да завршите со плановите и некои работи кои веќе неколку месеци наназад не сте можеле да ги реализирате. За сработеното шефот ќе ви ја покачи платата. Кај вас ќе се разбудат силни чувства за личност која неодамна сте ја запознале. И таа ќе покаже интерес за вас. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на главоболка.

Рак

Подолг период и покрај тоа што кај вас има желба да ги импресионирате вашите претпоставени, сепак не сте успеале поради низа пречки кои доаѓале од вашите колеги.  Ова е вистинскиот момент за вас. Денес сте полни со енергија и искористете го моментот да се покажете во вистинско светло. Личност од блиското опкружување, која досега сте ја сметале само за пријател, ќе покаже искрени чувства кон вас и ќе сака да бидете заедно. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате одлично.

Лав

Напнатата атмосфера на работа не ви дозовлува да го дадете максимумот во извршувањето на вашите секојдневни обврски. Постојаните кавги и расправии со колегите и претпоставените, сериозно ви го разнишуваат работното место. Во вас се буди чувство дека треба да донесете важни одлуки, што се однесува до односот со вашиот партнер. Сметате дека сега е време за искрен и сериозен разговор и како планирате да ја продолжите вашата заедничка иднина. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате добро и немате никакви тегоби.

Девица

Ова е период во кој ќе ве очекуваат само убави моменти со вашите колеги и шефови. Претпоставените се задоволни од вас и начинот на кој ја завршувате работата. Ве чека интересен разговор со вашиот партнер. Сакате вашиот однос да го дигнете на едно повисоко ниво. Со здравјето сè е во ред. Полни сте со енергија.

Вага

Позитивната енергија меѓу колегите многу влијае на вас. Сакате да покажете резултати и ќе успеете во тоа. На крајот од денот ќе се чувствувате задоволни од сработеното. За возврат ќе добиете и награда. Ќе запознаете и личност која ќе сака да има сериозна врска со вас. Обидете се и вие да и ги понудите истите љубов и внимание и може да очекувате убави заеднички моменти во иднина. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате одлично.

Шкорпија

Имате желба да го промените работното место. Веќе не се чувствувате комфортно со сегашната позиција во компанијата. Ова е идеален момент за такво нешто. Направете го првиот исчекор и нема да погрешите. Секогаш има можност за ново докажување. На полето на љубовта работите не се добри. Постојано сте нервозни и влегувате во расправии со партнерот. Внимавајте на здравјето. Би ви годела физичка активност.

Стрелец

Морате да промените некои од своите работни навики. Во спротивно ви следи отказ. Вашите претпоставени постојано ви висат над глава и не ви даваат можност да ја покажете вашата вистинска креативност и капацитет. И на љубовен план морате да промените некои работи, ако сакате да го задржите вашиот партер. Можеби иницијативата за промени во врската ќе дојде од него, а на вас останува да ги прифатите идеите. Внимавајте на здравјето и чувствителноста на кожата.

Јарец

Иако ви се чини дека невозможно, идејата да отворите сопствен бизнис е многу реална. Потребна ви е само поголема одлучност. Ве загрижуваат состојбите и случувањата во вашиот брак. Не сакате да трошите премногу енергија на кавги и расправии со вашиот партнер. Со вашето здравје сè е во ред. Немате никакви проблеми.

Водолијао

Имате желба да го промените работното место. Новиот пријател кој ќе се појави во вашиот живот ќе ви помогне во одлуката да најдете подобра позиција. Подготвени сте да покажете искрени чувства кон партнерот, се со цел да го подобрите вашиот однос. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате одлично.

Риби

Позитивната атмосфера на работното место само дополнително ќе ве мотивира да ја покажете вашата креативност пред шефовите. Следат убави моменти на полето на работа. Финансиската состојба ви е стабилна, а можно е и покачување на платата. За оние кои се во брак, сега е фаза во која размислуате за деца. Чувствувате дека семејниот живот и многуте деца се вистинската работа за вас. Тоа се работи кои ќе ве направат среќен до крајот на вашиот живот. Внимавајте на здравјето и проблемите со желудникот.

 

Scroll to Top