Дневен хороскоп за 17 април

Овен 

Околностите се погодни за зближување со лице што ве привлекува на интелектуално ниво. Вашите планови ќе бидат изложени на туѓи погледи. Имате конкуренција. Внимавајте на притисокот, срцето и расположението. Во донесувањето заклучоци држете се до фактите.

Бик

Располагате со енергија и елан, па ќе бидете успешни во тоа што го работите. Финансиската ситуација нема многу да ве радува. Бидете потолерантни со саканата личност. Ве советуваме добро да размислите пред да излезете и да се запознаете со една личност. Здраствената состојба ви е стабилна.

Близнаци

Среќата ви тропа на врата. Одговорете на нејзиниот повик и бидете сигурни дека нема да зажалите! На работа немате конкуренција. Имате можност да покажете сѐ што знаете. Од храната исфрлете ги маснотиите и слатките. Со студена глава анализирајте ја ситуацијата.

Рак

На работното место ќе соработувате и ќе контактирате со другите. Тоа е добро, бидејќи ќе го зацврстите пријателскиот однос, но исто така и заморно затоа што имате доволно свои проблеми. Ако имате партнер ве очекуваат расправии и тоа најмногу од неговите сопствени проблеми.

Лав

Очекувајте материјална добивка. Очекувајте и понуда за добра заработувачка која е пожелно да ја прифатите. Некои ќе бидат изненадени од некој луксузен подарок. Патувањата ве прават среќни особено ако се збогатени со интересно друштво.

Девица

Ќе се соочите со обврски со кои досега не сте се сретнале, што ќе ве натера да размислите дали сте подготвени за нови предизвици и промени. Подгответе се на помали задоцнувања или застои во сообраќајот. На работен план некој ќе сака да ви ја украде вашата самостојност со тоа што ќе морате да се борите да ја задржите вашата положба.

Вага

На работното место сѐ оди како што сте замислиле. Бидете посериозни и ќе успеете да ги реализирате плановите. Однесувањето на партнерот ќе ве поттикне на вербални пресметки. Обидете се да сфатите дека не можете да се грижите за сѐ.

Скорпија

Чуствувате негативна енргија во вас. Постојат начини со кои ќе се ослободите на пример: спорт, внесување во работата или пак целосно предавање на љубовта. Семејните средби ќе ви ги вратат детските сеќавања што биле длабоко закопани. Не се срамете да побарате помош од најблиските за овие проблеми.

Стрелец

Понудата за ново работно место е интересна, но не е од големо значење за вашата иднина. Потиснете ги најдлабоките емоции. Во остварувањето на деловните замисли ќе имате безрезервна поддршка на едно лице. Контролирајте го апетитот и измерете го притисокот.

Јарец

Овој вторник е одличен ден за љубов и емотивно задоволство, а прилично лош за работа. На тој план работите се одвиваат тешко и барааат додатна сила, која во моментот вие ја немате. Затоа обрнете му внимание на партнерот или на новиот симпатија доколку сте слободни.

Водолија

Се наоѓате во конфликтна ситуација. Наместо да ги обвинувате другите, обидете се да го најдете својот дел на одговорноста за да можете да ја пребродите кризата. Добро би било конструктивно размислување во врската во која се наоѓате.

Риби

Би можела да ве налути себичноста на партнерот или неговите егоистични постапки. Разговарајте за тоа. Околностите ви се наклонети за работа. Можни се добивки и награди. Внимавајте на здравствената состојба. Пробајте си ја среќата во наградни игри.

Scroll to Top