Дневен хороскоп за 17 декември

ОВЕН

Не ви е лесно да се фокусирате на работата. Постојано сте оптоварени со проблемите што ги имате на приватен план. Вашиот партнер покажува дека повеќе не е сигурен во вас и плановите што ги имате за во иднина. Ве очекува турбулентен период на ова поле. Внимавајте на здравјето и пијте повеќе вода.

БИК

Одлуките кои сега ќе ги донесете ќе бидат од исклучителна важност за вашата иднина. Сега е клучен момент во кој морате целосно да се посветите на работата и вашата кариера. Денес е ден во кој можете да разрешите голем број дилеми и проблеми во врската со вашиот партнер. Внимавајте на здравјето и проблемите со притисокот.

БЛИЗНАЦИ

Во текот на денешниот ден ќе успеете да ги извршите сите работи кои сте ги имале во план веќе подолг период, без никаков стрес и напор. Но, ќе бидете напнати поради несогласувањата со вашиот партнер. Подгответе се за турбулентен период на полето на љубовта. Внимавајте на здравјето. Можен е пад на имунитетот.

РАК 

Денес ќе имате повеќе среќа од што сте мислеле. Ќе имате можност и шанса да решите голем број од проблемите и недоразбирањата што  сте ги имале со вашите колеги и шефови. Вашите очекувања на полето на љубовта се преголеми. Постојано ги преувеличувате работите без никаква потреба. Со здравјето сè е во ред.

ЛАВ

Бидете подготвени на промени на работното место. Многу е важно пред вашите колеги и шеф да се поставите на вистинскиот начин. Кавгите со вашиот партнер би можеле да ви предизвикаат големи нервози. Обидете се да бидете смирени и да не потпаѓате на провокации. Внимавајте на здравјето и чувствителноста со градниот кош.

ДЕВИЦА 

Многу работи не се одвиваат онака како што сте ги имале замислено. Поради тоа постојано сте фрустрирани на работа. Денес ќе имате можност да се запознаете со личност со која во иднина ќе сакате да влезете во долга врска. Внимавајте на здравјето. Имате чувствителни синуси.

ВАГА 

Пред вас е период во кој ќе ви донесе многу среќа на работа. Можете да очекувате дека ќе успеете да остварите добар однос со колегите. Подготвени сте да донесете важни одлуки кога е во прашање љубовта. Засега сте задоволни од партнерот и сакате врската да продолжи долго во иднина. Внимавајте на здравјето и проблемите со штитната жлезда.

СКОРПИЈА

Денес е неповолен ден на полето на работа. Постојано ќе бидете фрустриран и нема да можете до крај да ги извршите зададените задачи. Морате да се посветите на вашиот партнер целосно, ако сакате да го задржите покрај вас. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на низок притисок.

СТРЕЛЕЦ

Загрижени сте за тоа како стојат работите во вашата компанија. Доаѓа период во кој ќе имате многу проблеми на ова поле. Постојано ќе се расправате со вашиот партнер за ситни проблеми. Подгответе се за турбулентен период и на поето на љубовта. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на несоница.

ЈАРЕЦ

Нема да бидете претерано задоволни од вашите колеги и шеф и нивниот однос кон вас. Посакувате да ви се случат одредени промени на ова поле. Доколку имате можност за ново љубовно познанство во текот на денот, би требало да го искористите максимално. Внимавајте на здравјето. Имате чувствителен нервен систем.

ВОДОЛИЈА 

Ве очекуваат мали несогласувања во односите со колегите. Пред вас е компликуван ден на полето на работа. Кога е во прашање љубовта, не очекувајте многу поголеми проблеми. Засега состојбата ќе ви биде монотона на ова поле. Внимавајте на здравјето и проблемите со грбот.

РИБИ

Имате преголеми очекувања од работата. Потребно е да посветите повеќе време, труд и енергија за да ги постигнете зацртаните цели. Преиспитајте ги вашите мотици на ова поле. Чувствувате дека постои доза на неискреност од страна на партнерот. Тоа е нешто што сериозно ве загрижува. Внимавајте на здравјето и избегнувајте го алкохолот.

 

Scroll to Top