Дневен хороскоп за 17 ноември

Овен 

Конечно ќе се чувствувате посигурно во врската. Ќе бидете подготвени на разни лудории, па и ризици затоа што знаете дека саканата личност ве сака најмногу на светот. На повидок е крупна материјална добивка која ќе ве поттикне уште повредно да работите. Го цените и трудот на другите, но ова што ќе се постигне сега ќе сметате дека е пред се ваша заслуга.

Бик 

Долго бевте во расчекор сами со себе и помеѓу оној дел од животот кој долго време е минато и она што сега ви се случува. На деловно поле ќе ги остварите повеќето фантазии. Следи едно познанство на покус пат кое ќе ја побие вашата сурова логика. Ова познанство има тенденција да се претвори во еден добар деловен контакт.

Близнаци 

Чувствувате дека настапува вашето време. Гласот кој го очекувате само што не стигнал до вас. Своите 5 минути ќе ги доживеете денес. Покрај вас има личност со која може многу да направите. Некои од вас нема да бидат подготвени за промените кои им се подготвуваат. Може да го загубите статусот кој сте го имале, а воедно и приливот на финансии може да ви биде намален.

Рак 

Ако не сте започнале некој нов проект, не е важно. Среќата постојано ќе ве следи, па затоа не треба да се оптоварувате. Се си доаѓа на свое место и во моментите кога мислите дека се е изгубено, нема да бидете свесни какви можности ве опкружуваат. Финансиската ситуација ќе стане доста поволна, но сепак не се опуштајте трошејќи.

Лав 

Ќе ве привлекуваат многу креативни нешта, но вашата мрзеливост ќе ги одложи за некој нареден пат. Комуникацијата со околината не е искрена, некој ве лаже за некои нешта на кои се надевате. Бидете внимателни, не сите ситуации и муабети кои сте ги слушнале се вистинити.

Девица

Вчера Венера, планетата на љубовта и убавината, почна да се движи низ лав, вашиот дел на страста, романсата и гламурот. Без воздржување ќе се фрлате во прегратката на саканиот и ќе копнеете за интимни моменти. Ако не сте во врска ќе флертувате поотворено.

Вага

Денес ќе застанете пред луѓето и ќе започнете со своите мотивирачки говори. Многумина ќе бидат инспирирани од вашата животна приказна, па не се изненадувајте ако започнат да ги копираат вашите постапки. Голема е веројатноста да слушнете дека нечиј љубовен живот се подобрил или преминал на следното ниво благодарение на вас.

Скорпија 

Внимавајте што и пред кого говорите, некои лица околу вас само чекаат да кажете некоја доверлива информација. Некоја водолија ќе се разочара од вашите лаги и вашето однесување. Не постои совршенство, затоа не го барајте постојано. Обидете се вашиот живот да го направите поубав и не ги посакувајте туѓите животи.

Стрелец 

Влегувате во круг полн со возбуди, забава и можности. Истражете се што ви се нуди и фокусираје се на она што сметате дека е најдобро. Љубовта и романиката ќе влијаат на вашиот живот. Побарајте помош од некој лав, тој ќе знае како да ве отплетка од ситуацијата на работа.

Јарец 

Некои кавги и недоразбирања со вашиот партнер ќе ви ги отворат очите дека не сте во право. Размислете што е тоа што ве принудува да правите грешни потези и решете го тоа. Крајно време е да почнете нешто посериозно да планирате за иднината, како на пример: брак, деца…

Водолија 

Линијата меѓу љубовта и омразата е многу тенка и лесно може да биде избришана, а вие денес ќе бидете доказ за тоа. Не се изненадувајте ако довчерашен непријател сега започне да ви го освојува срцето. Психичката состојба ви е загрижувачка, побарајте совет од стручно лице кое ќе ви помогне да се смирите.

Риби

Во последно време се обидувате да излажете за некои нешта кои не сакате да бидат дознаени, но верувајте дека околината ги знае и ве заштитува со молчење додека вие лажно говорите. Некои пријатели ќе ве принудат на искрен разговор, попуштете пред нив, тие ќе ви помогнат. Љубовта не е онаква како што си ја замислувате.

Scroll to Top