Дневен хороскоп за 18 декември

ОВЕН

Во наредниот период може да очекувате проблеми кои нема лесно да ги решите. Поради деловната ситуација постојано ќе бидете под стрес. Срамежливи сте и не ви е лесно да го направите првиот чекор и да почнете разговор со личност до која ви е грижа. Внимавајте на здравјето. Имате чувствителен урогенитален тракт.

БИК

Денес не е поволен ден за носење нови одлуки кога е во прашање работата. Внимавајте во односите со колегите и шефот и немојте премногу да влегувате во ризични ситуации. Посветени му сте на вашиот партнер и сакате од неа да добиете внимание за возврат. Внимавајте на здравјето. Склони сте на алергии.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекуваат мали компликации кога е во прашање работата. Ќе ви биде потребно трпение за да ги решите проблемите кои ве следат од поодамна. Се двоумите дали да влезете во нова љубовна врска со личноста која во последен период ви се додворува. Внимавајте на здравјето и чувствителноста на кожата.

РАК 

Можете да очекувате дека ќе бидете задоволни од организацијата на работата која сте ја направиле. Имате грижа на совест затоа што не сте биле искрен кон вашиот партнер. Обидете се да го исправите тоа. Внимавајте на здравјето. Можен е пад на имунитетот.

ЛАВ

Очекувајте во наредниот период да ви се отвори нова деловна можност. Искористите ја на најдобар можен начин. Можно е да се смирите со личност кон која имате силни чувства. Минатото ќе ви се врати на голема врата. Внимавајте на здравјето и болките во грлото.

ДЕВИЦА 

Успешно ќе ги решите сите проблеми кои ги имате на полето на работа. Можно е другите да ви завидат на вашиот успех. Во наредниот период ќе имате можност отворено да ѝ ги кажете вашите чувства на личност која ви се допаѓа. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на настинка.

ВАГА 

Не сте подготвени за драстични промени на полето на работа иако ве чекаат некои пресврти. Обидете се да бидете подготвени за изненадувања. Вашиот партнер би можел да се дистанцира од вас во наредниот период. Внимавајте на здравјето. Потребен ви е поголем сон.

СКОРПИЈА

Се наоѓате во голема неизвесност и не ви е лесно да донесете нови одлуки на ова поле. Партнерот ви покажува дека е подготвен максимално да ви се посвети и да ги задоволи сите ваши потреби. Внимавајте на здравјето. Можен е пад на имунитетот.

СТРЕЛЕЦ

Успешно ќе го извршите сето тоа што сте го испланирале за денес. Денес е поволен ден на полето на работа. Можно е да запознаете нова личност кон која ќе почнете да гаите силни чувства во наредниот период. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

ЈАРЕЦ

Не сте подготвени за нови одлуки. Не влегувајте премногу во ризици, затоа што периодот што доаѓа не е премногу поволен за вас. Сакате да напраите чекор понатаму со саканата личност, но морате претходно да решите некои од компликациите во вашата врска. Внимавајте на здравјето и обидете се да го намалите стресот.

ВОДОЛИЈА 

Ве очекува период во кој би можело да ви биде понудено напредување на полето на работа. Доколку сте слободни, ве очекува период во кој ќе имате можност за ново љубовно познанство од кое ќе бидете задоволни. Внимавајте на здравјето и појачајте ја консумацијата на витамини.

РИБИ

Успешно ќе решите некои пречки кои сте ги имале од поодамна на ова поле. Можете да очекувате дека работите ќе се завржат добро за вас. Ви недостига разговор со вашиот партнер. Можно е да имате впечаток дека на некој начин се оддалечувате. Со здравјето сè е во ред. Генерално се чувствувате одлично.

 

Scroll to Top