Дневен хороскоп за 18 јануари

By

ОВЕН

Помошта која ќе ја добиете од личност од странство ќе биде од особено значење за вас, на полето на работа. Ви годи слободата која ја имате. Не сте заинтереиран за почеток на каква било љубовна врска во овој период. Внимавајте на здравјето и почнете да се занимавате со спорт и да бидете повеќе активни.

БИК

Задоволни сте од ситуацијата во која се наоѓате на деловеидн план. Засега не планирате никакви промени. Доколку ви се допаѓа некоја личност која не ја познавате доволно добро, бидете сигурни дека подоцна ќе се разочарате. Внимавајте на здравјето и чувајте ги бубрезите.

БЛИЗНАЦИ

Не сте подготвени да се соочите со новите деловни проблеми. Уште ги немате решено ниту старите, за да почнете да се занимавате со нови. Не сте заинтересирани за врска. Иако имате додворувач и понуда за љубовна врска, ќе останете сами уште некое време. Внимавајте на здравјето и проблемите со урогениталниот тракт.

РАК

Можете да очекуате нова шанса за работа, од која ќе бидете прилично задоволни. Имате впечаток дека некои работи кои не се до крај решени, ќе влијаат во односот со вашиот партнер. Внимавајте на здравјето. Имунитетот ви е ослабен.

ЛАВ

Во моментов не сте заинтересирани за нова работа. Ве оптеретуваат голем број проблеми од минатото. Ве очекува голем пресврт во односот со саканата личност. Можни се голем број неочекувани проблеми. Внимавајте на здравјето и забрзаната работа на срцето.

ДЕВИЦА 

Денес не е поволен момент за носење нови одлуки, ниту за превземањеи на какви било драстични потези на работа. Збунети сте и не ви е лесно да се соочите со сопственте чувства во текот на денешниот ден. Внимавајте на здравјето и проблемите со градниот кош.

ВАГА 

Можете да очекувате поволен период кога е во прашање разрешувањето на деловните компликации. Не сте раположени за кавга со партнерот и на некој начин само се повлекувате во себе. Внимавајте на здравјето и проблемите со синусите.

СКОРПИЈА

Турбулентниот период на полето на работа е завршен. Кога станува збор за заработката, ситуацијата ќе ви се стабилизира во наредниот период. Не знаете како да реагирате кога вашиот партнер ќе ви каже нешто кое вие не сакате да го слушнете. Внимавајте на здравјето и зголемениот апетит.

СТРЕЛЕЦ

Во текот на денешниот ден имате се помалку трпение и склони сте кон чести кавги, расправии и конфликти со вашите соработници и шефови. Имате одлучено дека сакате да ставите крај на љубовната врска во која не се чувствувате комфорно веќе подолго време. Внимавајте на здравјето и зголемениот крвен притисок.

ЈАРЕЦ

Ве очекува период во кој на полето на работа ќе имате пресврти кои не сте ги очекувале. Време е самите себе си да си дефинирате што сакате. Често изгледа како на некој начин да го замајувате вашиот партнер. Внимавајте на здравјето и проблемите со несоницата.

ВОДОЛИЈА 

Не сте заинтересиран за нови деловни понуди во овој момент. Имате премногу обврски. Партнерот ви покажува дека не е сигурен во чувствата, а таквиот став воопшто не ви се допаѓа. Внимавајте на здравјето и проблемите со нервите.

РИБИ

Имате нови идеи за работа и подготвени сте максимално да се посветите на нивна реализација. Често го менувате мислењето за личноста со која сте во врска. Можно е наскоро да го промените и партнерот. Со здравјето сè е во ред. Полни сте со енергија.

 

Ќе ви се допадне