Овен
Шефот постојано ви виси над глава и ви врши притисок како да ја завршите подобро работата. Расправиите само ќе ја влошат работата. Обидете се да бидете смирени во разговорите со него. Не сте целосно искрени кон вашиот партнер и чувствувате грижа на совест за работи кои сметате дека требало одамна да му ги кажете. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на инфекција на дишните патишта.
Бик
Многу проблеми се наталожени од минатото и сега не знаете од каде да почнете да ги решавате. Ќе се соочите со големи потешкотии на работа, а дополнителен проблем би моежеле да ви направат вашите колеги. Кај вашиот партнер се јавува чувство на сомнеж дека сакате да ставите крај на врската. Бидете искрен во разговорот со него и објаснете му како стојат работите. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со стомакот.
Близнаци
Вашите претпоставени и колеги ќе ви честитаат за одлично сработената работа. По подолг период ќе успеете да го добиете долгоочекуваното унапредување и покачување на платата. На финансиски план немате никакви причини да бидете загрижени. На љубовен план работите исто така се идеални. Ќе запознаете личност од вашето блиско опкружување, со која наскоро ќе влезете во врска. Со здравјето исто така сè е во ред. Се чувствувате одлично.
Рак
Максимално сте посветени на работата. Вашата финансиска состојба е одлична и немате никакви причини за загриженост. Работите во компаниајта се одвиваат по својот тек, онака како што и сте планирале. Во моментов приоритет ви е да најдете партнер со кого сакате да го минете остатокот од својот живот. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со видот.
Лав
Успешни сте во тоа што го работите и затоа често добивате пофалби од вашите шефови. Финансиската состојба ви е стабилна и затоа не сакате да влегувате во нови ризици и непотребни авантури. И на љубовен план работите се идеални. Целосно му сте посветени на партнерот и убаво ви е кога сте заедно. Почнувате да размислувате и за брак. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на грчеви. Би ви годела релаксација.
Девица
Ќе ви се отворат многу можности и понуди од различни компании да дојдете да работите за нив. Бидете внимателен при изборот, затоа што голем дел од овие компании нема да ви ја подобрат финансиската состојба. Партнерот нема голема доверба во вас. Расправиите во иднина само дополнително ќе ја нарушат врската. Внимавајте на здравјето. Потребен ви е одмор.
Вага
Ќе ви се отворат многу можности за напредок. Вашите шефови ќе ги препознаат вашите квалитети и ќе ви понудат подобра позиција во компанијата со подобра плата. Со вашиот партнер размислувате за заедничка иднина. Наскоро е можен и брак. Внимавајте на здравјето и проблемите со дигестивниот систем.
Шкорпија
Преголем притисок ви прават претпоставените и колегите на работа. Не можете да се концентрирате и да ја сработите работата како што треба. Ве загрижува и вашата финансиска состојба. И на љубовен план работите не се идеални. Многуте проблеми кои ви висат над глава, ве спречуваат во желбата да поминете убави моменти со вашиот партнер. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на алергии.
Стрелец
Многу проблеми ви висат над глава и имате потешкотии да се сконцентрирате во работата. Шефот само ви создава дополнителен притисок. Ако немате идеја како да ја остварите зацртаната цел, побарајте помош од колегите. Честите расправии со вашиот партнер само дополнително ви создаваат проблеми. Обидете се да разговарате на смирен начин. Внимавајте на здравјето и зголемете го количеството на конзумација на витамини и минерали.
Јарец
Шефот е задоволен од тоа како ја завршувате работата. Ако продолжите со ова темпо ќе ви биде понудено и покачување на платата. Вашиот партнер прави сè за да го добие вашето внимание. Внимавајте на здравјето и проблемите со главоболката.
Водолија
Ве очекуваат важни состаноци кои ќе бидат клучни за вашата иднина во компанијата. Внимавајте како ќе се однесувате и што ќе кажете пред вашите шефови и колеги. Спомените од поранешниот партнер сериозно ќе го разнишаат вашиот брак. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на исхраната.
Риби
Имате тешкотии да се сконцентрирате во извршувањето на работата. Правите многу грешки пред вашите шефови и колеги. Тоа сериозно може да го разниша вашето место во компанијата. Проблемите на работа ќе влијаат и врската со вашиот партнер. Ве чекаат бурни моменти и на овој план. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на болки во грлото.