Дневен хороскоп за 18 септември

Овен 

Оние овни кои се родители целосно ќе се посветат на своето семејство, особено на потомството. Кон своите деца ќе се однесуваат заштитнички, но од нив ќе бараат да бидат репрезентативни и успешни. Оние слободните лавови кои припаѓаат на посилниот пол ќе биде многу тешко да се освојат, а уште потешко да се задржат. За разлика од нив,  оние од женскиот пол ќе бидат секогаш подготвени и спремни за флерт и заведување.

Бик

Ако вашата професија е поврзана со спорт, креативност или, пак, медицина, работа со деца, денес можете да очекувате плодност и успех. Некој поискусен и повозрасен ќе ве подучува за тоа како да се носите со новите одговорности. Другите бикови ќе имаат значајни случувања на интимно ниво.

Близнаци

Вашето внимание е обземено од детали. Ако оваа карактеристика се манифестира на работно поле, ќе успеете да завршите и средите многу обврски. Но, aко се манифестира на лични и психолошко ниво – логично е дека ќе се најдете во лавиринт без излез. Засега, едноставно фокусирајте се на она што е пред вас.

Рак

Старите љубови и старите партнерства на некаков начин се враќаат во вашиот живот. Не заборавајте дека намената  на овие случувања не е обнова на врската или започнување на нешто ново. Космосот создава услови за разрешување на некои нерасчистени прашања. Искористете го мудро следниот период.

Лав

Ќе бидете изненадени од постапката или зборот на еден ваш пријател. Ако сте член на некоја група или друштво, денес се можни изненадни и непредвидливи реакции од ваша или нивна страна. Има услови да запознаете личност со многу интересен карактер. Ова дефинитивно нема да биде досаден ден.

Девица

Сакате да избегате од секојдневните активности. Не можете да се концентрирате на постоечките обврски. Опуштете се и внесете некакви промени во ритамот на функционирање, можеби ќе се изненадите од тоа како ќе се развива денот. Веќе во попладневните часови ќе можете да уживате во средбата со една ваша драга личност.

Вага

Дискусиите со авторитетите ќе бидат значајни. Кај некои дури и мотивирачки. Убаво разгледајте ги опциите што оваа личност ги отвора пред вас. Некои ваги би требало да внимаваат на нивниот брз јазик – интимни детали  би можело да испливаат на површина и да ви донесат компликации на приватен план.

Скорпија

Би можеле да стигнете до некоја важна информација или контакт преку разговорот со една повозрасна личност. Некои од вас премногу размислуваат за надежите и желбите. Ако премногу се оддадете на ваквите размислувања, логично е да очекувате замаглување на менталната леќа. Сконцентрирајте се на сегашните животни случувања.

Стрелец

Чувствувате внатрешен немир и имате пориви кои немаат конкретен вектор на исполување. Денес  ќе ви биде тешко да се организирате и да имате редослед на активностите. Постојано нешто размислувате и барате, надевајќи се дека ќе испадне нешто добро. Не грижете се премногу – немирот е во вас, не е во надворешниот свет.

Јарец

Сакате да избегате од секојдневните активности. Не можете да се концентрирате на постоечките обврски. Опуштете се и внесете некакви промени во ритамот на функционирање, можеби ќе се изненадите од тоа како ќе се развива денот. Веќе во попладневните часови ќе можете да уживате во средбата со една ваша драга личност.

Водолија

На љубовно поле вашата страст ќе биде повеќе од забележителна, па затоа дозволете си поголема слобода, забава и контакти со луѓе немојте да се гушите во себе, ова е единственото добро што го поседувате овој период.

Риби

Обземени сте од вашите мисли. Примарниот фокус е на односите со луѓето и практичните работи. Направете сè што е во ваша можност подобро да се организирате. Извесни се изненадувања од страна на вашите партнери или блиски пријатели.

Scroll to Top