Дневен хороскоп за 19 декември

ОВЕН

Бидете подгтовени за многу неизвесности на полето на работа. Правите многу големи грешки кои во иднина можат да доведат до големи компликации со вашите претпоставени и колеги. Не ви е лесно со вашиот партнер да остварите стабилна љубовна врска. Внимавајте на здравјето и посетете лекар поради редовна контрола.

БИК

Некогаш имате впечаток дека работата ви е премногу комплицирана и дека некои работи се надвор од ваша контрола. Односот меѓу вас и вашиот партнер би можел да стане проблематичен во наредниот период. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со стомакот.

БЛИЗНАЦИ

Имате голем број обврски кои на некој начин ве оптоваруваат. Не ви е лесно да се организирате како што треба. Вашиот партнер ќе ви покаже дека е подготвен врската да напредува, но вие сте тој кој сте несигурен. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на минлива кашлица.

РАК 

Ќе ви се отвори можност за да ја промените работата. Ако сте планирале да го напуштите работното место, сега е моментот. Нема да се разочарате. Сакате да остварите средба со личност кон која имате силни чувства. Внимавајте на здравјето и хормоните.

ЛАВ

Упорни сте во намерата да остварите успех во работата и нема да запрете сè додека не ги остварите вашите амбиции. Со вашиот партнер ќе успеете да ги решите сите проблеми кои ве оптоваруваат веќе подолго време. Внимавајте на исхраната и престанете со вашите стари и лоши навики.

ДЕВИЦА 

Денес не е поволен ден кога станува збор за работата. Внимавајте на односот со колегите. На секој чекор можете да очекувате пречки во извршувањето на работата. Разочарани сте и на полето на љубовта. Чувствувате како полека згаснува врската со вашиот партнер. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на главоболка.

ВАГА 

На полето на работа доаѓа период во кој ќе имате многу компликации и нестабилност. Постојаните расправии со вашиот партнер ви предизвикуваат чувство на немир и стрес во секојдневниот живот. Внимавајте на здравјето. Можен е пад на енергијата.

СКОРПИЈА

Немојте да очекувате претерано големи промени во текот на денот кога е во прашање работата. Ако сте слободни, во вашиот живот ќе вллезе нова личност со која полека ќе сакате да влезете во долга врска. Внимавајте на здравјето. Склони сте на воспаленија.

СТРЕЛЕЦ

Во последен период покажувате дека сте вреден и важно ви е на полето на работа да ги остварите вашите цели. Со вашиот партнер ве очекува период во кој ќе сакате да разговарате за сериозни одлуки. Со вашето здравје сè е во ред. Се чувствувате сосема добро.

ЈАРЕЦ

Поведете сметка да не правите поголеми грешки на работното место. Тоа може сериозно да се одрази на вашиот статус во компанијата. Наскоро ќе запознаете личност која ќе покаже дека сака да има сериозна врска со вас. Внимавајте на здравјето и избегнувајте ги алкохолот и цигарите.

ВОДОЛИЈА 

Пред вас е одличен ден кога е во прашање работата. Очекувајте добри вести од вашите колеги и шеф. Можеби наскоро ќе го добиете посакуваното унапредување. Ве очекува и можност за почеток на нова врска. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

РИБИ

Можете да очекувате дека на полето на работа ќе ви се случат големи пресврти во иднина. Сега е моментот да се покажете во вистинското светло и да го покажете целиот потенцијал. На крајот сигурно ќе следи соодветна награда за тоа. Отворени сте кон личноста која ви се допаѓа и тоа сакате да ѝ го ставите до знаење. Сакате повеќе од само тоа да бидете пријатели. Внимавајте на здравјето и болките во пределот на грбот.

 

Scroll to Top