ОВЕН
Нервозата која во моментов ја чувствувате може да се одрази на вашето деловно поле. Доаѓа време кога ќе сакате искрено да разговарате со вашиот партнер и да му ги покажете чувствата. Внимавајте на здравјето. Посетете нутриционист.
БИК
Немате доволно трпение и постојано правите грешки на работа. Не можете да остварите стабилност во вашата врска. Полека доаѓа период во кој ќе почнете да размислувате за прекин на врската. Внимавајте на здравјето и почнете да ги менувате лошите навики.
БЛИЗНАЦИ
Подготвени сте да се покажете пред вашите колеги и шеф на работа. Земете ги работите во своите раце и нема да погрешите. Ве очекува интересен ден во кој ќе успеете да го подобрите односот со вашиот партнер. Со здравјето сè е во ред. Во одлина форма сте.
РАК
Обидете се да не се оптеретувате премногу со проблемите на работа. Решението ќе дојде само од себе и многу побрзо отколку што очекувате. Се чувствувате осамено и не ви е лесно да се помирите со разделбата од вашиот партнер. Потребно ви е време за да го преболите. Внимавајте на здравјето и проблемите со нервозата.
ЛАВ
Се наоѓате пред важна дилема кога е во прашање работата. Не знаете како да одлучите за прашање кое може да се покаже како клучно за вашата кариера. Ве очекуваат интересни моменти кога е во прашање љубовта. Ви се допаѓа личност, која не знаете како да ја освоите. Со здравјето сè е во ред. Не чувствувате никакви проблеми.
ДЕВИЦА
Неопходно е да се информирате и да се едуцирате ако планирате да ја промените работата. Ќе успеете во текот на денот да ги пребродите сите несогласувања во односот со вашиот партнер. Вашата врска може да напредува само во добра насока. Внимавајте на здравјето и вкочанетоста во пределот на вратот.
ВАГА
Нема да ја остварите стабилноста која сте ја посакувале на работа. Ќе морате да се прилагодите на промени. Потребно е да имате малку повеќе разбирање кон вашиот партнер. Тој бара поголема поддршка од вас. Внимавајте на здравјето и проблемите со стресот.
СКОРПИЈА
Во иднина ќе имате можност да ги исправите грешките од минатото и да ја поправите вашата деловна ситуација. Обидете се да се опуштите покрај вашиот партнер и да и посветите повеќе време и внимание. Внимавајте на здравјето и проблемите со синусите.
СТРЕЛЕЦ
Препорачливо е да поведете сметка во комуникациајта која ја остварувате во деловното опкружување. Потребно е да имате повеќе трпение кон партнерот. Потребно му е време за да се отвори кон вас. Поведете сметка на здравјето и начинот на исхрана.
ЈАРЕЦ
Сакате да ја промените работата, но потребно ви е време за тоа. Работите се одвиваат потешко отколку што очекувате. Планирате да влезете во врска со нова личност. Пред вас е поволен период за љубов. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате одлично.
ВОДОЛИЈА
Тешко ви е да се организирате поради големиот број обврски кои ги имате во текот на денот. Потребно е да поработите на толеранцијата во односите со вашиот партнер, ако сакате вашата врска да тргне кон подобро. Внимавајте на здравјето и крвниот притисок.
РИБИ
Ќе направите сè што е потребно за да успеете да ги остварите деловните промени кои ги посакувате веќе подолго време. Пред вас е период во кој на љубовно поле нема да имате никакви проблеми. Ќе се согласувате убаво со партнерот. Внимавајте на здравјето. Чувствувате дека постојано сте истоштени.