Овен
Не стe целосно посветени на работата и од немир правите мали пропусти. Работното опкружување може сериозно да ви замери за таквите грешки. Морате да внимавате. На љубовно поле расположението на саканата личност непрекинато е во спротивност со вашето. На здравствено поле, вие сте целосно исцрпени.
Бик
Во деловното опкружување се појавуваат нови компликации, но не сте зачудени. Како некако да сте ги очекувале. На љубовно поле мирот и сигурноста кои сакана личност ви ги пружа се вашиот извор на сила. На здравствено поле, можно е да имате зголемување на телесната температура.
Близнаци
Денес е многу поволен ден по прашањето на финансиите. Можете да очекувате позитивен исход во решавање на паричните проблеми. Ви се појавува можност за почеток на нова врска, но не сте сигурни дали тоа е тоа што ви е потребно. Чувајте се од сообраќајни незгоди.
Рак
Не е вистинскиот момент да почнете со нешто големо. Осигурајте ја моменталната ситуација и почнете со мали чекори. На љубовно поле, иако мислите дека ситуацијата е стабилна, се подготвува нова бура во вашиот однос со партнерот. На здравствено поле, потребна ви е релаксација.
Лав
Денес ќе добиете важна задача која лесно ќе ја решите ако не се оптоварите со притисокот што ви го прави опкружувањето. На љубовно поле, можно е да ви пријде некоја личнос, на која досега не сте ѝ обрнале внимание. Избегнувајте ги цигарите.
Девица
Ако се занимавате со приватна работа, ве чека тежок период за чие надминување ќе ви биде потребна добро осмислена стратегија. На љубовно поле ќе ве загрижува тоа што ќе мислите дека нема да добиете фидбек од саканата личност ако ѝ покажете малку љубов. Ќе немате храброст искрено да ги покажете вашите чувства. На здравствено поле ова е идеален ден за диета.
Вага
Иако ќе биде тешко од вообичаеното да одржите концентрација, нема да можете да направите никакви поголеми грешки. На љубовно поле чувствителни сте од вообичаено и ќе почнувате конфликти без никаква причина. Размислувате повеќе од тоа како вашиот партнер се чувствува. На здравствено поле, потребен ви е поголем одмор.
Скорпија
Ќе ви се појават помали пречки штоќе ги надминете без никаков проблем. Денес сте безгрижни и растоварени, но ќе имате сè под контрола. На љубовно поле ова е поволен ден за почеток на нова врска. На здравствено поле можна е несоница и проблем со нервозата.
Стрелец
Успехот што сакате да го постигнете најверојатно ќе го остварите со добра тимска работа. Ќе имате добра соработка внатре меѓу колегите. На љубовно поле, со својата појава и ведар дух ќе ги шармирате сите околу себе. Уживајте во убавиот ден. На здравствено поле, се чувствувате одлично.
Јарец
Денес ќе почувствувате некој вид олеснување. Како да ви попуштил товарот што го носите веќе подолг период. Вашата верност кон партнерот може да биде доведена во искушение. Ни самите не знаете што да очекувате од себе. На здравствено поле би ви годела масажа.
Водолија
Ова е поволен ден за деловно разрешување. Конечно ги имате разбистрено мислите пое долго време. На љубовно поле можно е да ја запознаете личноста која е расположена за сериозна врска, иако нема да бидете сигурни дека таа е ваш тип. На здравствено поле, ќе ви годи тренинг.
Риби
Конечно ви доаѓаат подобри денови. Можно е голем пресврт по прашањето на финансиите кои доаѓаат како резултат на вашиот долг вложен труд. На љубовно поле, конечно ќе имате партнер кој е стабилен и го сака истото што и вие. На здравствено поле, имате сосема доволно енергија.