Дневен хороскоп за 19 септември

Овен

На деловен план обидете се да ги исправите грешките кои сте ги направиле претходно. Признајте си на себе си и на другите дека умеете да направите пропусти. На љубовен план не сакате да се откажете од врската, иако ситуацијата е многу проблематична. Внимавајте на здравјето, можни се проблеми со нозете.

 

Бик

На деловен план ќе направите сè што е во ваша моќ за да ги подобрите околностите во вашето работно опкружување. На љубовен план можете да се надевате на интересно познанство, кое ќе го остварите во текот на денот во попладневните часови. Пред вас е поволна фаза за нови љубовни случувања. На здравствен план, поведете сметка на конзумацијата на шеќери.

Близнаци

На деловен план разочарани сте затоа што не сте успеале да го постигнете успехот кој сте го посакувале на ова поле. Обидете се да ги прифатите работите такви какви што се. На љубовен план, можно е да ве оптеретуваат разговорите со саканата личност. Во вашиот однос работите нема да се променат. На здравствено поле, можни се проблеми со хроничен умор.

 

Рак

На деловен план не е пожелно да влегувате во многу ризици. На љубовен план можно е саканата личност да не ви го нуди потребното внимание. Кај вас ќе се појави желба за прекин на врската. На здравствен план имате чувствителен кардиоваскуларен систем.

Лав

На деловен план денес не е поволен ден за поголеми трансакции. Би можело да дојде до некои грешки или до некакви компликации на ова поле. На љубовен план, за оние кои се во брак, очекувајте да влезете во криза која ќе трае подолг период. На здравствен план, можни се проблеми со стомакот.

Девица

На деловен план избегнувајте преголеми напори и претерано форсирање на нови деловни настани и случувања. Денес не ви е поволен денот на ова поле. На љубовен план, вашето имплусивно однесување ќе ви донесе поголеми проблеми со саканата личност. На здравствен план, можни се проблеми со дишните патишта.

Вага

На деловен план финансиите не ви се стабилни. Прилично сте загрижени поради ваквата ситуација. Околностите на ова поле ви се комплицирани. На љубовен план, не сте сигурни во своите чувства и потребно ви е некое време на себе си да си дефинирате што сакате. На здравствен план, поведете сметка на штитната жлезда.

Шкорпија

На деловен план нема да успеете да ги остварите вашите идеи, затоа што среќата не е на ваша страна. Обидете се да бидете трпеливи. На љубовен план делувате незаинтересирано и тоа е нешто поради кое вашиот партнер ви замерува. Полека ги губите чувствата кон него. На здравствено поле, можна е појава на главоболка.

 

Стрелец

На деловен план загрижени сте поради ситуацијата на работното место и имате впечаток дека околностите се против вас. На љубовен план вие сте несигурни и љубоморни. Тоа ви претставува одреден проблем на ова поле. На здравствено поле, подложни сте на депресија.

 

Јарец

На деловен план немате добар однос со колегите и денес некои конфликти можат дополнително да се засилат. Сакате да ви се случи нова љубов, но за жал на ова поле кај вас сеуште нема никакви промени. На здравствен план можни се проблеми со циркулацијата на крвта.

Водолија

На деловен план обидете се денес да бидете доволно тактични и да ги балансирате работите со колегите. На љубовен план можно е повеќе да ги немате истите чувства кон партнерот и сè повеќе да размислувате за прекин на врската. На здравствено поле, ве мачи вкочанетост.

 

Риби

На деловен план денес не е поволен ден за донесување на важни одлуки. Обидете се да го направите она што можете за ситуацијата ви се поправи. На љубовен план, ви се допаѓа личност која не го покажала отворено своето мислење за вас, па не знаете на што сте. На здравствен план, имате проблеми со холестеролот.

 

Scroll to Top