Дневен хороскоп за 2 јануари

ОВЕН

Периодов сметате дека е најдобро да се повлечете кога станува збор за правењето договори. Сметате дека главниот збор треба да го имаат другите, но сакате да бидете подготвени и вие да се вратите на голема врата. Потребно е на вашиот партнер да му покажете дека се грижите и дека ќе направите сè што треба за да се чувствува сигурно покрај вас. Внимавајте на здравјето и проблемите со циркулацијата.

 

БИК

Немојте да очекувате премногу кога станува збор за нови случувања и договори во текот на денешниот ден. Ќе бидете разочарани од голем број работи. Време е искрено да разговарате со вашиот партнер и да му ги кажете вашите очекувања за иднината. Внимавајте на здравјето. Прилично сте уморни.

БЛИЗНАЦИ

Денес е поволен ден за промени на полето на работа. Ако сте планирале да преминете на друго работно место, сега е шансата за тоа. Емотивната ситуација ви е променлива. Многу лесно може да влезете од врска во врска. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на вашите колена.

РАК

Финансиите не ви се најјака страна. Голем број работи ве оптоваруваат и загрижени сте поради вашата работа. Тешко ги покажувате вашите искрени чувства, затоа што се плашите дека ќе бидете силно повредени. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на консумација на витамини.

ЛАВ

Денес не е поволен ден за носење нови одлуки на полето на работа. Многу од работите нема да се се одвиваат онака како што сте очекувале. Партнерот ќе ви покаже дека е подготвен да направи сериозни планови за заедничка иднина со вас. Внимавајте на здравјето и чувајте се од алергии.

 

ДЕВИЦА 

Ве очекува период во кој ќе добиете понуда за промена на работното место. Пред вас е поволен ден на полето на работа. Дојдено е и време да бидете отворени кон саканата личност, кога се во прашање вашите чувства. Внимавајте на здравјето. Нагласен ви е падот на имунитетот.

ВАГА 

 

Доколку бидете неумешни, би можеле многу лесно да направите грешка на работа. Имате големи шанси да остварите ново познанство во текот на денот. Подготвени сте за почеток на нова љубовна врска. Внимавајте на здравјето и проблемите со срцето.

 

СКОРПИЈА

Не сте целосно подготвен за промена кога е во прашање работата и ќе направите сè што можете за да ја одржете постоечката состојба. Денес е неповолен ден за нови познанства. Некако сте повлечени во себе, што се однесува до полето на љубовта. Внимавајте на здравјето и избегнувајте тешка храна.

СТРЕЛЕЦ

Ако сте планирале да се посветите на обврските, сега е добар период тоа да го направите. Потребно е малку повеќе да се посветите на вашиот партнер, кој чека на вашето внимание. Внимавјате на здравјето и обидете се повеќе да ги избегнувате цигарите.

ЈАРЕЦ

Можете да се надевате на пресврт на состојбите на полето на работа. Ќе почнете соработка со личност која ќе ви ги отвори вратите за голем број можности. Денес е поволен ден и за средба со саканата личност, особено ако сте во врска на далечина. Внимавајте на здравјето и почнете да размислувате за диета и слабеење.

 

ВОДОЛИЈА 

Не сте задоволни од ситуацијата на деловно поле и ќе направите сè што е во ваша моќ за промените се остварат. Преиспитајте ги вашите чувства и ќе дојдете до заклучок дека партнерот повеќе не можете да го гледате како порано. Внимавајте на здравјето и проблемите со видот.

РИБИ

Подготвени сте за нови одлуки на полето на работа. Ќе го дадете својот максимум за да остварите колку е можна подобра состојба на ова поле. Подготвени сте да го направите и првиот чекор за да ја освоите вашата симпатија. Внимавајте на здравјето и проблемите со нервозата и несоницата.

 

 

 

Scroll to Top