Дневен хороскоп за 20 ноември

ОВЕН

Ве чекаат многу неизвесности кога се станува збор за работата. Пробајте да ризикувате и на крајот од денот некои потези ѓто сте ги направиле сигурно ќе ви се исплатат. Случајно ќе се запознаете со личност со која ќе сакате да го поминете остатокот од вашите животи. Ве чекаат убави моменти на ова поле. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на тахикардија.

БИК

Подгответе се за големи промени на работа. Обидете се да ги прифатите промените кои ви ги наметнуваат колегите и вашите шефови без разлика колку и да ви е тешко. Не дозволувајте да влегувате во непотребни расправии и да паѓате на ниски провокации. Таквиот начин на комуникација нема да заврши добро за вас. Сè повеќе размислувате за брак и планирате заеднички живот со вашиот партнер. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со стомакот.

БЛИЗНАЦИ

Поведете сметка на тоа дали информациите што ги добивате од вашите колеги се вистинити. Внимавајте, затоа што секој од нив бара начин како да ви застане на патот на успехот. Бидете смирени и не влегувајте во непотребни конфликти со кого било од нив. Следува период кој ќе сакате да го поминете сам. Не сте подготвени за врска. Внимавајте на здравјето и можните проблеми со грлото.

РАК 

Подгответе се за бурен период на работа. Вашите колеги и шефови ќе ви предизвикаат големи стресови. Не сте повеќе сигурен дали сакате да останете на истата позиција или да барате нова работа. Следуваат многу неизвесни моменти на ова поле. Ќе влезете во конфликт со вашиот партнер од кој тешко подоцна ќе излезете. Ќе треба  подоцна да вложите многу труд и енергија за да ја вратите врската во нормала. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на тежината.

ЛАВ

Нервозни сте поради вашите претпоставени и притисокот што ви го прават за побрзо да ја завршите задачата. Стресот ви прави дополнителни проблеми и не можете целосно да се сконцентрирате на работата. Морате да заземете поцврст став во разговорот со колегите и да поработите на самопочитта. Ќе имате можност да запознаете нова личност и да остварите стабилна и сериозна љубовна врска на подолги патеки. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со бубрезите.

ДЕВИЦА

Посветете се целосно на работата и дадете го својот максимум. Сега е моментот кога треба да го покажете целиот ваш потенцијал пред вашите колеги и претпоставени. На крајот од денот тие ќе го ценат вашиот труд и ќе добиете соодветна награда. Во иднина можно е покачување на платата и унапредување на подобра работна позиција. Внимавајте на здравјето и намалете со јадењето мрсна храна.

ВАГА

Имате многу неразрешени проблеми со вашите колеги. Честите кавги и расправии негативно влијаат и создаваат лоша атмосфера во вашето деловно опкружување. Обидете се да бидете смирен и низ разговор со низок тон да ги поправите односите. Вашиот партнер покажува чувство на несигурност кон вас. Ќе биде потребно време за повторно да ја вратите меѓусебната доверба. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со дигестивниот систем.

СКОРПИЈА

Нетрпеливи сте да дојдете до брза заработувачка, но не сакате со ризични потези да го загрозите досега сработеното во компанијата. Не очајувајте, наскоро доаѓаат подобри времиња за вас и ќе успеете да ја подобрите вашата финансиска состојба. Не сте задоволни ниту од тоа како стојат работите во бракот. Сметате дека страста меѓу вас и вашиот партнер одамна ја нема. Внимавајте на здравјето и проверете ја крвната слика.

СТРЕЛЕЦ

Максимално сте посветени во исполнувањето на работните задачи. Сакате вашиот труд да биде повеќе ценет од колегите и вашиот шеф и подготвени сте за напредок. Чувствувате дека сега е моментот да се покажете пред нив и конечно да го добиете ветеното унапредување и зголемување на плата. Оние кои се со партнер, полека ќе ја зацврстат врската. Ќе уживате во многу убави заеднички моменти. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми. Се чувствувате одлично.

ЈАРЕЦ

Неодамна се имате вработено во нова компанија и вашите нови шефови сакаат веднаш да видат позитивни резултати од сработеното. Од вас се очекуваат нови и свежи идеи. И вие сте подготвени за некои нови проекти. Наскоро ќе ви се укаже можност за тоа. На вас е да ја искористите шансата. Ќе запознаете нова личност, која во блиска иднина ќе се покаже дека е љубовта на вашиот живот. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми и болки во главата.

 

ВОДОЛИЈА 

Имате проблеми на работа и не знаете како да ги решите. Имате потешкотии во комуникацијата со вашите колеги и претпоставени. Сакате и вашиот глас да се слушне и да се вреднува. Не откажувајте се од желбата за успех и бидете упорен во намерата да се изборите за подобра работна позиција и поголема плата. Следуваат убави моменти за вас на ова поле. Сакате на партнерот да му кажете што искрено чувствувате за него и што планирате во иднина. Во вас се појавува желба за зацврстување на врската, а можеби и брак. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на алергиите.

РИБИ

Не надевајте се на многу големи и брзи позитивни промени на работа. Бидете трпеливи и успехот ќе си дојде сам по себе. Вашето незадоволство од однесувањето на вашиот партнер ќе кулминира со разделба. Од ден во ден станувате сè понервозен и понесреќен. Сакате да му ставите крај на таквиот начин на живот. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со крвната слика.

 

Scroll to Top