Дневен хороскоп за 20 октомври

Овен

Проблемите кои ви висат на глава ќе ги решите заедно со колегите. На вас останува да побарате помош. Подготвени сте за врска и за промени во вашиот живот. Внимавајте на здравјето и можните проблеми со црниот дроб.

Бик

Ќе имате идеална можност да се покажете пред вашиот шеф. Искористете ја и нема да погрешите. Доаѓаат убави времиња за вас. Финансиската состојба ќе ви биде идеална. Во вас ќе се разбудат чувства за личност од вашето блиско опкружување. Ќе поминете убави заеднички моменти. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

 

 

Близнаци

Вашиот шеф е импресиониран од начинот на кој ја завршувате работата. Тој е подготвен да направи сè за да ве задржи на работното место. Наскоро може да очекувате и покачување на платата. Вашиот партнер ве направи уште посреќен во животот. Заедно ќе планирате да оформите семејство. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на малаксаност.

 

Рак

Брзите решенија кои ги носите на работа ќе значат плус поени кај вашиот шеф. Обидете се да го искористите вашиот потенцијал и наскоро ќе го добиете посакуваното унапредување. На љубовен план не очекувајте некакви промени. Оние кои се во брак или се во врска, ќе имаат вообичаен ден. Внимавајте на здравјето и зголемете го количеството на конзумација на витамини.

 

Лав

По подолг период ќе имате можност да одморите од секојдневните обврски. Искористете го максимално времето и соберете сили за престојниот период. Ве чекаат многу обврски. Во вашиот живот ќе се појави личност со која ќе сакате да влезете во врска. Ќе се запознаете преку ваши заеднички пријатели. Со здравјето сè е во ред.

 

Девица

Ќе имате можност да се покажете пред вашите колеги на работа и да ги импресионирате вашите претпоставени. По подолг период конечно ќе успеете да го добиете посакуваното покачување на плата. Личноста која ви се допаѓа некое време, конечно ќе покаже дека и таа чувствува нешто кон вас. Наскоро ќе влезете во врска. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со грлото.

 

Вага

Го чекате вистинскиот момент за почнување на приватен бизнис. Наскоро ќе ви се укаже шанса и треба само да ја искористите. Во вас ќе се разбуди чувство кое досега сте го немале за некоја блиска личност, која досега сте ја сметале за пријател. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на состојбата со белите дробови.

 

Шкорпија

Работата не ви оди и не сте во можност навреме да ги завршите обврските и планови. Приватните проблеми се причина за недостигот на концентрација во работата. Обидете се да бидете смирени и работите ќе се дојдат на свое место. Сега е моментот кога треба да ги решите сите несогласувања со вашиот партнер. Искористете го времето и посветете се целосно еден на друг. Внимавајте на здравјето. Посетете лекар и направете редовна контрола.

Стрелец

Работата ви оди перфектно. Одлично се снаоѓате меѓу вашите колеги, а шефовите се импресионирани од вас. Сакаат да ве искористат како пример за останатите. Вашиот партнер ќе покаже дека има силни чувства кон вас и дека е подготвен да се потруди врската да ја подигне на едно повисоко ниво. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

 

 

Јарец

Вашите соработници ве гледаат како голема конкуренција и ќе направат сè за да ве спречат да напредувате. Ви се допаѓа личност која е зафатена и која во моментов се наоѓа во врска. Не се обидувајте да правите ништо. Оставете работите да си течат по својот тек и сè ќе се заврши како што треба. Со здравјето сè е во ред.

Водолија

Сега е вистинскиот момент да се покажете пред вашите претпоставени на работа. Конечно ќе можете да го добиете долго посакуваното унапредување и покачување на платата. Но, треба да внимавате, затоа што со подобрата позиција на работното место, следи и поголема одговорност. И покрај силните и цврсти емоции кои ги имате кон вашиот партнер, врската ќе почне да слабее. Наскоро може да дојде и до нејзин прекин. Внимавајте на здравјето и можните проблеми со видот.

 

Риби

Премногу сте уморни и немате повеќе енергија за да се расправате со вашите колеги и претпоставени на работа. Не ви е лесно и немате доволно концентрација во извршувањето на секојдневните активности. И во љубовта работите не се сјајни. Постојано влегувате во конфликти со вашиот партнер. Чувствувате дека сега е време некои работи јасно да ги кажете и да решите голем број отворени прашања. Внимавајте на здравјето и чувствителноста на синусите.

 

Scroll to Top