Дневен хороскоп за 21 февруари

Овен

Денеска ќе ви се укажат голем број можности за решавање проблеми кои ве оптoваруваат подолг период. Работната атмосфера ќе биде попозитивна од вообичаено. На љубовен план ќе бидете поотворени кон личноста со која долг период флертувате. На здравствено поле, би ви годела физичка активност.

Бик

Можно е на работа да ви се случат голем број промени. Ситуацијата ќе ви стане конфузна. На љубовно поле, поради големиот број грижи што го засегаат вашиот партнер, ќе почувствувате ладен однос од негова/нејзина страна. На здравствен план, поведете сметка на исхраната.

Близнаци

На работа тешко доаѓате до решенијата на комплицирани проблеми. Покажувате нетрпеливост и имплусивност кои можат да ви направат проблем. На љубовно поле, денес не е поволен период за почнување нова врска, но може да очекувате флертување. На здравствен план, имате проблем со белите дробови.

Рак

Со непромисленото однесување на работа сте направиле штета која сега се обидувате да ја поправите. Тоа може да  биде потешко отколку што сте мислеле. На љубовно поле, моменталниот партнер не ги исполнува вашите очекувања, па можно е да сакате да ставите крај на врската. На здравствено поле имате дисбаланс на хормоните.

Лав

Во овој период ќе морате да покажете поголема посветеност ако сакате да го сочувате работното место. Од саканата личност очекувајте искрена и максимална посветеност. На здравствено поле, внимавајте на очите и вашиот вид.

Девица

Во дилема сте дали да ја задржите вашата моментална работна позиција или да ја прифатите новата понуда што ви се укажува. Гледате предност во двете опции. На љубовно поле може да стапите во значајна врска. На здравствено поле можни се проблеми со забите.

Вага

На работното место ќе побарате поддршка за идеите што не можете да ги реализирате самите. На љубовно поле, личноста кон која подолго време гаите некакви чувства, денес позитивно ќе ве изненади и уште повеќе ќе ви ги разбуди верата и љубовта. На здравствено поле, немате никакви проблеми.

Шкорпија

Новите деловни пресврти, какви што не сте ги очекувале, ќе ги комплицираат работите меѓу вас и вашите колеги. На љубовно поле и вие и вашиот партнер чувствувате потреба за прекин на врската, но двајцата се плашите да го повлечете првиот потег. На здравствено поле, можни се болки во зглобовите.

Стрелец

Пред вас е одличен ден. Ако сте во потрага по работа, очекувајте успех. На љубовно поле, можно е да не ја остварите врската со личноста која ви се допаѓа. Нејзините чувства кон вас се површни. На здравствено поле, можни се проблеми со забите. Посетете стоматолог.

Јарец

Денешниот ден не ви е поволен, што се однесува околу обврските на работното поле. На љубовен план, пред вас може да се укаже можност за флерт со личност која не ја познавате. На здравствено поле, поведете сметка на холестеролот.

Водолија

Обемот на обврски на работа кои ви доаѓаат дополнително ќе ве оптоварат. На љубовен план, работите не се одвиваат идеално со вашиот партнер веќе подолг период. На здравствено поле имате проблем со ‘рбетот.

Риби

Среќата денес не е на ваша страна. Особено ако сте имале некои планови поврзани со странство. На љубовно поле, очекувајте во вашата врска сè повеќе да се мешаат семејството и пријателите, нешто што на вашиот партнер никако нема да му се допадне. На здравствен план, генерално немате никакви проблеми.

Scroll to Top