Овен
Помали проблеми во врските поради нарушената идила. Слободните ќе го запознаат потенцијалниот партнер на работа. Ве очекуваат значајни промени во деловната сфера. Одлично здравје.
Бик
Емотивните односи ќе се комплицираат бидејќи партнерите нема да поминуваат доволно време заедно. Авантурата може да им донесе нешто повеќе на слободните. Ќе пронајдете нови извори на заработка. Забоболка.
Близнаци
Динамичен период во љубовта. Честите караници ќе ги расипат врските. Слободните ќе запознаат интересна личност. На работа ве очекуваат пријатни изненадувања и екстра профит. Можни се алергии.
Рак
Тешко успевате да ги усогласите вашите желби и оние на партнерот. Слободните ќе паднат на личност што зрачи со самодоверба. Многуте задачи на работа ќе ви предизвикаат нервоза. Лоша кондиција.
Лав
Смислете интересни случувања со кои ќе ја освежите врската. Слободните ќе ѝ се вратат на старата љубов. Немате проблеми на работа, но можни се поголеми трошоци. Чести главоболки.
Девица
Нервозата од другите животни полиња ќе ја пренесувате и во врската. Слободните ќе имаат повеќе додворувачи. Ќе успеете да најдете заеднички јазик со соработниците. Стомачни тегоби.
Вага
Потрудете се да избегнете меѓусебно обвинување, кое ѝ наштетува на врската. Слободните ќе почнат перспективна врска. Во работата ќе успеете да ги реализирате плановите. Проблеми со покачен притисок.
Скорпија
Засилена љубомора во врските со подолг стаж. Динамичниот социјален живот на слободните ќе им донесе нови познанства. Надменото однесување кон колегите може да донесе неуспех. Нервоза.
Стрелец
Во врските владее хармонија, бидејќи максимално сте му посветени на партнерот. Слободните лесно ќе ја освојат симпатијата. Опаѓањето на интересот за работа ќе повлече и желба за повеќе слободно време. Премаленост.
Јарец
Криза во врската поради различните погледи на иднината. Слободните ќе запознаат интересна личност. Деловните проблеми ќе ги доживеете драматично, но следува успех. Опаѓање на имунитетот.
Водолија
Вашиот партнер ќе се труди врската да ви функционира беспрекорно. Слободните ќе ѝ се вратат на старата љубов. Ве очекува турбулентен период на работа. Здравјето ви е одлично.
Риби
Ако партнерите си се посветат еден на друг и заминат на кратко патување, им претстојат убави мигови. Слободните ќе почнат романса. Ќе се обидете да профитирате на брз начин. Болки во грло.