Дневен хороскоп за 23 септември

Овен

На деловно поле ве очекуваат позитивни работи и финансиски добивки. Ова особено важи за оние кои ќе соработуваат со некои лица во знакот на скорпија. На љубовен план денес е ден кога ќе остварите нови познанства. Ве очекува значително подобрување на ова поле. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

Бик

На деловен план можете да очекувате дека ќе успеете да исправите некои од грешките и проблемите со кои сте се соочиле во минатото. На љубовно поле ќе го најдете идеалниот партнер. Можете да се надевате на поволни околности на ова поле. На здравствен план, поведете сметка на срцето.

Близнаци

На деловен план не сте задоволни од околностите и многу работи ве оптоваруваат. На љубовно поле партнерот ви е максимално посветен и задоволни сте поради односот што сте го имале со него. На здравствен план имате проблеми со срцето.

Рак

На деловен план ќе се соочите со нови предизвици. Очекувајте многу состаноци и преговори. На љубовен план и понатаму ја барате вистинската љубов, но сеуште ја немате заборавено старата. На здравствен план, можни се проблеми со стомакот.

Лав

На деловен план максимално се имате посветено на работата и обврските. Крајот ќе се исплати. На љубовен план ве очекуваат убави моменти со саканата личност. Ве очекува поволен период на ова поле. На здравствен план, обидете се да поведете сметка на синусите.

Девица

На деловен план максимално сте посветени на работата и задоволни сте од околностите во кои се наоѓате. На љубовно поле можете да очекувате дека ќе успеете да решите некои од дилемите што сте ги имале од претходно. Партнерот целосно ви е посветен. На здравствен план, можни се проблеми со штитната жлезда.

Вага

На деловен план не дозволувајте да избрзате во одлуките кои го носите. Анализирајте ги добро работите пред да се одлучите на каков било чекор. Можно е да бидете малку разочарани кога е во прашање односот со личноста кон која имате силни чувства. На здравствен план немате никакви проблеми. Потребен ви е само повеќе одмор.

Скорпија

На деловен план ќе останете упорен и нема да се откажете од деловните цели кои себе сте си ги наметнале и зацртале од претходно. Пред вас е период во кој ве очекува напорна работа. На љубовен план може да остварите познанство кое подоцна може да резултира во силна врска. Со здравјето сè е во ред. Имате вишок енергија.

Стрелец

На деловен план атмосферата не ви е најсајна. Постои силна нетрпеливост меѓу вас и колегите. На љубовен план ви се допаѓа личност која ви покажала дека ѝ е грижа за вас. Можен е почеток на една нова и убава врска. На здравствен план, можни се проблеми поради недостиг на железо.

Јарец

На деловен план ќе влезете во мал конфликт на работното место со вашите колеги. Тоа може да ви нанесе чувство на нервоза и тензија, но ќе останете посветени на своите приоритети. На љубовен план, со помош на вашата харизматичност, ќе остварите голем број познанства. На здравствен план, имате проблем со вкочанетоста.

Водолија

На деловен план денес е поволен ден ако сте планирале некое патување или деловна соработка, поврзана со странство. На љубовен план, очекувајте потежок период. На здравствен план сè е во ред, но пожелно е да намалите со алкохолот.

Риби

На деловен план ситуацијата ви е одлична. Во наредниот период не очекувајте потешкотии на работното место. На љубовен план и покрај тоа што партнерот ви вели дека во некои работи грешите, сепак вие не сакате да се откажете од своите визии и ставови. На здравствено поле, склони сте на воспаленија.

 

Scroll to Top