Дневен хороскоп за 24 февруари

ОВЕН 

Обидете се да им се посветите целосно на проблемите што ги имате на работа. Бидете доволно сконцентрирани и не навлегувајте во непотребни кавги и да паѓате на провокации од колегите. Личноста со која ќе почнете да флертувате до крајот на денот ќе се отвори и ќе ви ги покаже нејзините искрени чувства. Внимавајте на здравјето и проблемите со синусите.

БИК

И покрај големата желба, нема да можете да ги остварите вашите планови. Ќе ви биде тешко на работа и ќе бидете принудени да побарате помош од колегите. Ве оптоварува комуникацијата со партнерот. Често се расправате и постојано сте незадоволни. Со здравјето сè е во ред. Сега е поволен период за одмор и опуштање.

БЛИЗНАЦИ

Ќе ви биде потребно време за да ги решите сите проблеми што ги имате на работа. Незадоволни сте од вашиот партнер и размислувате за прекин на врската. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на главоболка и проблеми со стресот.

РАК

Ќе ви биде потребно време за да ги исполните вашите амбиции. Не ви е поволен денот за работа. Тешко ви е да ги покажете вашите емоции затоа што се плашите дека ќе бидете повредени. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на несоница.

ЛАВ

Ќе побарате помош од вашите колеги кои се отворени и искрени кон вас. Заедно полесно ќе можете да ги решите сите проблеми. Можете да се надевате и на поволен период на полето на љубовта. Наскоро ќе запознаете нова личност со која ќе сакате да го поминете остатокот од вашиот живот. Внимавајте на здравјето и зголемете ја консумацијата на калциум.

ДЕВИЦА 

Обидете се да ја подобрите комуникацијата со вашите надредени. Заедно ќе најдете решение за некои од проблемите на работа. Следува фаза на заладување на односите меѓу вас и вашиот партнер. Тоа е нешто кое ве плаши, но на крајот од денот работите ќе се вратат во нормала. Внимавајте на здравјето. Би ви годела диета.

ВАГА 

Ве очекува добар период за работа. Ќе успеете да ги остварите голем дел од вашите планови. Ви се допаѓа личност која ќе покаже дека е подготвена за сериозна врска со вас. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на холестеролот.

СКОРПИЈА

Ве очекуваат помали проблеми кога е во прашање работата. Нема да ви биде лесно самите да излезете на крај со сите компликации што ги имате. Не сте сигурни во вашите чувства. Полека почнувате да се оддалечувате од вашиот партнер. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на можните инфекции.

СТРЕЛЕЦ

Очекувате премногу од себе кога е во прашање работата. Се обидувате да ги исполните сите свои желби и цели, иако воопшто не ви е лесно. Сакате и правите сè со вашиот партнер да имате стабилен и добар однос. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на бубрезите.

ЈАРЕЦ

Имате многу обврски пред себе и се трудите сите да ги завршите на време. Добро сте организирани. Имате силни емоции кон личноста која ви се допаѓа и подготвени сте тоа да ѝ го покажете на дело. Внимавајте на здравјето. Можен е пад на имунитетот.

ВОДОЛИЈА 

Обидете се веднаш да ги решите проблемите кои ги имате на деловен план. Колку побрзо ги решите, толку подобро за вас. Ве очекува и ново интересно познанство со личност која е целосно спротивна од вас. Внимавајте на здравјето. Проверете ја вашата диоприја.

РИБИ

Ве очекува поволен ден на полето на работа. Судбината денес ви е наклонета и ѕвездите ви се наместени, што се однесува на деловен план. За оние кои се слободни, не очекувајте премногу големи промени, кога е во прашање љубовта. Напротив, денот ќе ви биде досаден. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на проблемите со стомакот.

 

 

 

 

Scroll to Top