Овен (21.03 – 20.04)
На деловно поле можно е очекуваните пари да не ви пристигнале во моментот кога сте се надевале. Тоа целосно ќе ви ја промени концепцијата. На љубовно поле саканата личност не е целосно отворена кон вас, а вие тоа го приметувате. На здравствено поле, внимавајте на дебелото и слепото црево.
Бик (21.04 – 21.05)
На деловно поле потпишување на нов деловен договор за вас би можело да биде од голема важност. Подготвени сте за нови деловни одлуки. На љубовно поле и покрај тоа што вашиот партнер знае да биде често тврдоглав, вие сте подготвени да му простите за тоа. На здравствено поле, можни се проблеми со брчките.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Деловното опкружување кое се наоѓа околу вас, повеќе не ви одговара. На љубовно поле подготвени сте да го направите првиот чекор кон промените. Се чувствувате како да немате иста доза на емоции и да се чувствувате како да се ладите. На здравствено поле, препорачливо е веднаш да посетите лекар.
Рак (22.06 – 22.07)
На деловно поле, во текот на денешниот ден може да очекувате сосема половни резултати и да бидете задоволни. На љубовен план пред вас е фаза во која лесно ќе склопите ново љубовно познанство. На здравствено поле, внимавајте на срцето.
Лав (23.07 – 22.08)
На деловно поле ситуацијата би можела да се промени на начин на кој вие тоа не го очекувате. На љубовно поле, односот со личноста која ви е драга не е како претходно и вие чувствувате дека нешто не е во ред. Не сакате неискреност и тоа не ви годи. На здравствено поле, морате да внимавате на исхраната.
Девица (23.08 – 22.09)
На деловен план ќе покажете дека сте подготвени да ги земете работите во своите раце ѝ дека можете да ги организирате работите подобро од вашите претходници. На љубовен план саканата личност ќе се обиде да ги изманипулира некои од вашите реакции. На здравствено поле имате проблеми со синусите.
Вага (23.09 – 22.10)
Деловната ситуација генерално е добра кај вас. Не би требало да очекувате поголеми проблеми на ова поле. На љубовен план можете да очекувате стабилизација во односот со вашиот партнер. На здравствен план, вие се чувствувате одлично.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Не деловен план можно е да очекувате да добиете можност за напредување и да поминете на некоја повисока позиција. На љубовно поле подготвени сте максимално да се посветите на личноста која ви е многу драга. На здравствено поле можни се проблеми со очите и видот.
Стрелец (22.11 – 21.12)
На деловно поле пред вас е шанса да се посветите на новите работи кои сте ги покренале во претходниот период. На љубовен план, со саканата личност имате разни несогласувања кои вас на некој начин ве оптеретуваат. На здравствен план треба да избегнувате претеран напор.
Јарец (22.12 – 20.01)
Деловните случувања нема да ве оптеретуваат во текот на денешниот ден. Ги имате сите работи доведено во ред и сега имате можност малку да се одморите. На љубовен план за очекување е да ви се врати некоја драга личност од минатото. Тогаш сте немале храброст да ѝ пристапите. На здравствено поле вие ќе се чувствувате одлично.
Водолија (21.01 – 19.02)
Денес сте склони на тоа поради нервоза и брзоплетост себе си да си ја закомплицирате деловната ситуација. Постои проблем во вашата љубовна врска и нема да го решите со молчење. На здравствено поле, потребен ви е поголем одмор и сон.
Риби (20.02 – 20.03)
На деловен план можно е некои работи да не се одвиваат онака како што сте очекувале, па во текот на денешниот ден, најдобро е да не ризикувате. Доколку сте слободни, ова е поволен ден за почеток на врска која би можела да биде сериозна. На здравствено поле имате проблем со циркулирање на крвта.