Дневен хороскоп за 24 мај

Овен

Денот нема да ви биде поволен кога станува збор за работата. Сега не е момент за ризикувања и нови потфати. На љубовен план, подготвени сте за почеток на врска со личност која неодамна сте ја запознале спонтано. Со здравјето треба да внимавате, особено со проблемите со циркулацијата на крвта.

Бик

Конечно можете да се надевате на позитивни пресврти на полето на работа. Чувствувате дека сте подготвени за промени. На љубовен план, ќе запознаете личност од вашето поблиско опкружување, со која би можеле да започнете нова врска. Со здравјето сè е во ред, но би ви годела масажа.

Близнаци

Полека доаѓате до моментот кога треба да ве унапредат. Задоволни сте од работата и околностите во кои се наоѓате. На љубовен план, сакате да влезете во врска со личност која ќе ви вети дека ќе бидете долго време заедно и со која ќе изградите стабилен однос. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

Рак

Ќе имате можност да го покажете целиот ваш талент пред колегите и шефот. Ќе ви се укаже шанса за напредок во работата која во моментов ја извршувате. Уживате во необврзувачкиот флерт. Подготвени сте за разни авантури, но не и за сериозна врска. Внимавајте на здравјето и обидете се повеќе да вежбате.

Лав

Денес ве очекува напната атмосфера на работа, затоа што нема да успеете да го остварите сето она што сте го замислиле. На љубовен план, не сакате повеќе да го криете вашето незадоволство и сакате отворено да му кажете на вашиот партнер, што мислите за вашата врска. Со здравјето сè е во ред, но морате да внимавате на циркулацијата.

Девица

На работен план, подготвени сте за големи промени и чувствувате дека сега е време да иницирате некои нови настани. Не ви е лесно да ги надминете сите пречки кои ги носи врската на далечина. Можно е да се двоумите. Со здравјето сè е во ред, но би ви годел поголем одмор и сон.

Вага

Се наоѓате на раскрсница и не сте сигурни во кој правец треба да тргнете кога се во прашање новите деловни одлуки. Ќе поминете убав ден со вашиот партнер. Ве очекува поволен период на полето на љубов. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на вашите црн дроб и бубрези.

Скорпија

Денешниот ден нема да ви донесе поголеми промени на работа. Состојбата и понатаму ќе остане статус кво на работен план. Вашиот партнер полека ќе покаже недоверба кон вас. Таквиот став ве навредува. Подгответе се за нови конфилкти во врската. Внимавајте на здравјето. Вознемирени сте и се наоѓате под голем стрес.

Стрелец

Денес сте уморни и немате сили да се посветите на работата. Внимавајте на не направите некои поголеми грешки. Партнерот очкеува од вас, максимално да му се посветите. Затворени сте и не покажувате никакви чувства на љубовно поле. Внимавајте на здравјето и проблемите со грлото.

Јарец

Подгответе се за голем број кавги и недоразбирања со вашите колеги и надредени. Подгответе се за голме број компликации на работа. Вашиот партнер не покажува доволно емоции кон вас. Се чувствувате незадоволно и немоќно за нешто да промените на љубовен план. Внимавајте на здравјето и болките во вратот и рамењата.

Водолија

Можно е денес да решите голем број од вашите проблеми на ова поле и да бидете задоволни од завршената работа. Вашиот партнер се срами од вас, нешто што и самите го забележувате, но се надевате дека околностите на крајот ќе се променат. Со здравјето сè е во најдобар ред, но ѕвездите говорат дека морате да внимавате во сообраќајот.

Риби

Не ви одговара темпото со кое сте почнале да ги извршувате вашите работни задачи на работното место. Чувствувате дека ви е потребен одмор. На љубовен план, ќе запознаете личност која ќе има силни чувства кон вас. Наскоро ќе имате шанса за почеток на нова врска. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на настинка.

 

 

 

Scroll to Top